Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Голем интерес на прилепските фирми за фотоволтаични централи

admin 05/02/2023 00:00
FV-1

– Во Прилеп владее голем интерес од страна на правните субјекти за фотоволтаични централи и годинава се очекува уште поголема експанзија од лани. Ако лани од Секторот за урбанизам во прилепската локална самоуправа на правни субјекти им се издадени 50-тина решенија, од кои 40 за поставување на покривни конструкции, шест за на земјиште и три решенија за централи на био гориво, годинава само за еден месец има 30 барања.

Бранко Нешкоски, раководител на Секторот за урбанизам и просторно планирање во Прилеп вели дека допрва се очекуваат барања за обновливи извори на енергија.

– Барањата за поставување фотоволтаични панели за производство на електрична енергија нагло се зголемија. Барањата се за поставување панели на покривна конструкција кај правните субјекти и поставување на терен, на тлото. Во 2022 година од секторот за урбанизам се издадоа повеќе од 40 решенија за поставување панели за производство на електрична енергија, а за поставување на терен, на земјиште, се повеќе од шест. Се издадоа и 3 одобренија за градба на централи за добивање на електрична енергија од биогориво. Највисок процент на искористеност на енергијата имаат оние правни субјекти кои произведената електрична енергија ја користат за сопствени потреби, а имаат можност, со Законот за енергетика за продажба на произведената електрична енергија. Законски им се овозможи и на индивидуални објекти – семејни куќи кои може сега да произведуваат до 6 киловати. Кај правните субјекти сега од 1 е зголемена можноста за производство до 40 киловати без спроведување процедура. Сето што е над ова бара основен проект, објаснува Нешкоски.

Тој нагласува дека годинава почна со поденесени преку 30 барања за дозволи за фотоволтаични централи, при што најголем е интересот за нивно поставување на земја.

– До Комисијата за урбанизам од почетокот на годинава има повеќе од 30 барања за поставување панели на терен. Најверојатно овој бизнис станува многу интересен за стопанствениците. Со новиот закон за енергетика поставувањето панели за производство на електрична енергија беше до 1, а сега е до 10 мегавати. Како за поставување на покривна конструкција, така и на терен. Се дозволи општините да имаат поголема можност за одлучување. Општината може да издава дозволи на фотоволтаични централи за производство до 10 мегавати. За повеќе, постапката оди преку Министерството за транспорт и врски. За голема централа, со околу 30 мегавати има најава во Долненскиот регион, вели Нешкоски.

Тој посочува дека панелите на терен најмногу се поставуваат каде има соодветна инфраструктура, како трафостаница, далновод и пристапен пат, при што постои опасност од зафаќање на плодно земјоделско земјиште.

– Во светот тие површини двојно се искористуваат, панелите се поставуваат подигнато за да се користи земјоделското земјиште. Ние не сме стигнати до тоа, а таков начин бара и поголема финансиска конструкција, смета Бранко Нешкоски, раководител на секторот урбанизам во прилепската локална самоуправа.

Македонија е сончева земја, а меѓу водечките градови е и Прилеп. Најстарата централа во Прилеп, од пред десетина години е кај селото Лагово и од 1 мегават е проширена на производство до 3 мегавати.

Continue Reading

Претходно: Спасени малолетници и млад брачен пар од вчерашната снежна виулица
Следно: Започна карневалот во Венеција

Поврзани вести

img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

Шеталиште 14/07/2026 12:06
asd
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза

Димитар Петковски 14/07/2026 08:18
2345678
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Квалификации за ЛШ: Вардар во финска мисија, домаќинот Купс нуди “стриминг” за пет евра!

Димитар Петковски 13/07/2026 18:53
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 1
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 2
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 3
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 4
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08
Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет Elektricen-trotinet 5
  • Македонија

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

14/07/2026 10:06

Можеби сте пропуштиле

Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10
lokum222
  • Настани

Две децении Балкански етно-фјужн фестивал „Локум фест“ во Битола

Шеталиште 14/07/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани