Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Голем скок на цените на нафтата светските пазари

Шеталиште 04/08/2025 08:19
nafta-1

По дво неделен пад, глобалните цени на нафтата нагло пораснаа минатата недела, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето трговски договори од страна на САД со некои од нивните најважни трговски партнери, и ќе се покачеа уште повеќе доколку ОПЕК+ не ги зголеми своите производствени квоти.

Цената на барел на лондонскиот пазар скокна за 6 проценти минатата недела, на 69,67 долари, а на американскиот пазар за 6,3 проценти, на 67,33 долари.

Трговците со нафта поголемиот дел од неделата беа фокусирани на потенцијалното влијание на американските царини, при што повисоките тарифи за американските трговски партнери главно треба да стапат на сила следниот петок.

Трамп, во четврток, потпиша извршна наредба со која се воведуваат тарифи кои се движат од 10 до 41 процент за увозот на САД од десетици земји и странски територии кои не успеаја да постигнат трговски договори до неговиот рок на 1 август, вклучувајќи ги Канада, Индија и Тајван. Партнери кои успеаја да обезбедат трговски договори се Европската Унија, Јужна Кореја, Јапонија и Велика Британија.

„Веруваме дека решавањето на трговските договори на задоволство на пазарот – повеќе или помалку, со неколку исклучоци – беше клучен двигател на порастот на цените на нафтата во последните денови“, рече Сувро Саркар од DBS Bank.

Цените беа поддржани и минатата недела од заканите на Трамп за воведување царини од 100 проценти за купувачите на руска сурова нафта во обид да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната во Украина. Ова предизвика загриженост за потенцијални нарушувања во трговските текови со нафта и отстранување на дел од нафтата од пазарот.

Во четврток, аналитичарите на JP Morgan изјавија дека заканите на Трамп да ги казни Кина и Индија за купување руска нафта потенцијално би можеле да го загрозат извозот на руска нафта од 2,75 милиони барели дневно по море. Кина и Индија се втор и трет најголем потрошувач на сурова нафта во светот.

Цените на суровата нафта ќе се покачеа уште повеќе минатата недела ако не се прилагодија надолу за околу 2 проценти во петокот откако пазарот реагираше на можноста ОПЕК да го зголеми своето производство. Три лица запознаени со разговорите меѓу ОПЕК и неговите подружници изјавија за Ројтерс дека картелот би можел да постигне договор за зголемување на производството во септември за 547.000 барели дневно. Во неделата, ОПЕК+ објави дека ги зголемува производствените квоти за ист износ за да го врати својот пазарен удел.

Во меѓувреме, најновите податоци од американскиот пазар на трудот, кои покажуваат слаб раст на новите работни места, за само 73.000 во јули, ги поттикнуваат загриженостите за економскиот раст и побарувачката на нафта.

 

Continue Reading

Претходно: Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор
Следно: Меси ја повреди ногата – не се знае колку време нема да игра на теренот

Поврзани вести

nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Од полноќ ново намалување на цените на горивата

Шеталиште 16/11/2026 14:05
Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „Алта банка“-првата аукција на 30 ноември
  • Вести
  • Економија
  • Македонија

Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „Алта банка“-првата аукција на 30 ноември

Васка М.Младеновска 16/11/2026 07:37
hristijan-mickoski
  • Вести
  • Економија

Мицкоски: Повеќе од шест отсто раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел – ова е лоша вест за опозицијата

Шеталиште 14/11/2026 13:56
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир Screenshot_20261117_180245_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

17/11/2026 17:03
Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk 2
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

17/11/2026 16:47
Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп FB_IMG_1794933387204 3
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

17/11/2026 16:39
Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош large 4
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

17/11/2026 16:35
Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп opstina-prilep-1 5
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

17/11/2026 14:44

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261117_180245_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

Димитар Петковски 17/11/2026 17:03
Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

Васка М.Младеновска 17/11/2026 16:47
FB_IMG_1794933387204
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

Шеталиште 17/11/2026 16:39
large
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

Шеталиште 17/11/2026 16:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани