Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Гостување на Ато центар-Битола со „8% ?“ документарна вербатим претстава вечер во Гевгелија

Шеталиште 01/12/2025 09:43
ato-pretstava-gevgelija

Документарната вербатим претстава „8% ?“, продукција на АТО Центар- Битола, ќе биде изведена вечер во Народниот театар- Гевгелија, за време на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, соопштија од Општината.

Како што се наведува, претставата е резултат на повеќемесечно истражување од 2023 година во кое креативниот тим интервјуирал лица од различни градови низ државата кои се соочиле со дискриминација, семејно насилство и системски неправди. Нивните лични сведоштва, испреплетени со чувствителни и често премолчени вистини, се преточени во сценско дело кое отвора важни прашања за општеството и за улогата на секој од нас во создавањето и одржувањето на системот. На сцената, покрај актерите, се појавуваат и вистинските личности чиј глас е основата на претставата, дозволувајќи ѝ на публиката да ги чуе нивните директни, честопати болни исповеди.

Претставата е авторско дело на Јован Ристовски, кој е и режисер, во соработка со Весна Куслеска како коавтор. Костимографијата е изработена од Марта Дојчиновска, а драматуршката разработка од Билјана Крајчевска. Актерската екипа ја сочинуваат: Марија Стефановска во улога на менаџерка, Наталија Ристевска како асистентка, Соња Михајлова како Црната / Режисер, Никола Пројчевски како канцелариски координатор и Петар Горко во улога на шеф. Во претставата учествуваат и Ивана Атанасоска, Весна Софронијевска и Биљана Тодоровска. За шминката се грижи Стефанија Илиевски, за светлото Никола Горгиевски, за сценската техника Горан Јованов, а координацијата е на Александра Десковска.

Продукцијата е на АТО Центар- Битола, а претставата е поддржана од GIZ Skopje.

Инаку, изведбата во Гевгелија се реализира во рамки на декемвриското финале на програмата „Гевгелија-град на култура за 2025 година“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелијa.

Фото: Општина Гевгелија

Continue Reading

Претходно: Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица: Потврдено Упатството на АВМУ за локалните избори 2025
Следно: Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците

Поврзани вести

20261009075207_big_730x400_32
  • Настани

Во Битола на „Интерфест“ музички рецитал со францускиот пијанист Иг Леклер

Шеталиште 09/10/2026 06:40
capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
prilep-jaz
  • Настани

Петнаесет години џез во Прилеп: Сетстат и Пијан Славеј на јубилејната сцена

Шеталиште 29/09/2026 08:37
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 1
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 5
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани