Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, се извини за инцидентот кој се случи на прославата на ФК Вардар во Струга.
На почетокот од прес-конференцијата пред пријателските натпревари против БиХ и Турција, Седлоски порача дека жали за случувањата и упати извинување во име на целиот тим.
„Во мое лично име и во сите играчи на Вардар сакам да се извинам за потегот кој се направи на прославата со екипата во Струга“, изјави Седлоски.
Неговиот коментар доаѓа по реакциите во јавноста по однесувањето на дел од фудбалерите за време на шампионската прослава пренесува спорт.мк

