Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо
  • Спорт
  • Фудбал

Градоначалникот на Битола по неуспехот на ФК Пелистер: Следува ревизија на сработеното и нов почеток за клубот

Димитар Петковски 31/05/2026 19:43
img_3335-1

По денешниот дебакл и испаѓањето во Втората лига, комплетниот стручен штаб и раководството на клубот поднесоа оставки.

Градоначалникот на Битола, др-Тони Коњановски, по поразот на ФК Пелистер и испаѓањето во Втората македонска фудбалска лига, со својата објава, напиша дека неуспехот на ФК Пелистер претставува големо разочарување за навивачите и за љубителите на фудбалот во градот и пошироко.

„Денес е тежок ден за спортот во Битола. Поразот на ФК Пелистер во Кавадарци не разочара сите битолчани, особено поради тоа што клубот со овој неуспех заминува во Втора лига“, наведува Коњановски.

Тој информираше дека ќе ја прифати оставката на стручниот штаб, техничкиот директор и најави целосна ревизија на досегашното работење. Според него, ревизијата треба да даде јасна слика за состојбите во клубот и да создаде основа за нов почеток со нови планови и нови кадри кои ќе работат на враќање на Пелистер на победничките патеки.

„Веднаш ќе побарам да се изврши ревизија на досегашното работење за да може да се продолжи напред со јасна слика, нови планови и нови кадри кои ќе го водат клубот кон победи и резултати на кои сите ќе бидеме горди“, пишува градоначалникот на Општина Битола.

 

Тој исто така порача дека Фудбалскио Клуб – Пелистер бил и мора да остане спортска гордост на Битола, нагласувајќи дека за враќање на клубот на вистинскиот пат ќе биде потребна максимална посветеност од сите – од локалната самоуправа и раководните структури до фудбалерите на теренот. Тој оцени дека актуелниот неуспех треба да биде сериозна поука и можност за анализа на пропустите, со цел во иднина клубот да биде подобро организиран и поконкурентен.

 

„Овој пораз мора да ни даде насоки каде сме згрешиле и каде треба да бидеме подобри, во интерес на ФК Пелистер и во интерес на Битола“, завршува Коњановски.

Клупско соопштение во продолжение во кое комплетното раководство поднесува оставка.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат. Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени значителни напори за зајакнување на клубот и обезбедување на негов опстанок во Првата лига, но очигледно вложеното не беше доволно за постигнување на посакуваните резултати. Покрај поднесените оставки, досегашната управувачка структура бара да се спроведе и целосна ревизија на досегашното работење на клубот, со цел јавноста да биде ослободена од какви било сомнежи во однос на евентуални злоупотреби на финансиски средства и да се потврди нивното наменско и транспарентно трошење. Со овој чин се презема одговорност за резултатите, но и се остава простор за темелна анализа на досегашните чекори и носење на нови одлуки, сè во интерес на идниот развој и напредок на ФК Пелистер“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

Continue Reading

Претходно: Скопје и Шкендија Арачиново прволигаши, Пелистер и Брера АП ќе играат во Втора МФЛ (Видео)
Следно: Сончево и топло, но попладне следуваат дожд, грмежи и силен ветер

Поврзани вести

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
190726-fenomenot-ronaldo-mesi-e-genijalec-koj-natera-i-brazilci-da-navivaat-za-argentina-1
  • Фудбал

Шесте рекорди на Меси за 80 минути

Шеталиште 17/06/2026 07:29
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани