Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Градоначалникот на Лондон воведува бесплатен оброк за деца во основните училишта

admin 21/02/2023 00:00
detska-ishrana-1

Градоначалникот на Лондон Садик Кан претстави план за воведување бесплатни оброци за секој основец во британската престолнина за една година, пренесува Sky News.

Тој истакна дека еднократната шема од 130 милиони фунти, која стапува на сила од септември, има за цел да им помогне на домаќинствата кои се борат со економската криза и зголемените трошоци за живот.

Се проценува дека овој потег ќе им помогне на семејствата на околу 270.000 основци, кои ќе заштедат околу 440 фунти по дете. Во моментов, домаќинствата во Англија можат да аплицираат за бесплатни училишни оброци доколку заработуваат помалку од 7.400 фунти годишно.

Според Фондацијата за храна, околу 800.000 деца во Англија живеат во сиромаштија, но сè уште не ги исполнуваат условите.

– Слушаме приказни за родители кои прескокнуваат оброци за да можат нивните деца да јадат, за наставници кои носат храна за да можат нивните ученици да јадат. Па дури и потресни приказни за деца без ручек. Она што можам да го направам е да одвојам 130 милиони фунти, така што секое дете во основно училиште во Лондон ќе има бесплатен училишен оброк во текот на денот најмалку една година од следната учебна година – изјави Кан за Sky News.

Тој укажа на истражувањето на сметководствената фирма PvC кое покажува дека инвестирањето во универзални бесплатни училишни оброци ќе донесе нето економска корист за општеството од 2,45 милијарди фунти во текот на 20 години.

Запрашан за продолжување на бесплатните оброци за средношколците, Кан рече дека се надева оти владата ќе види дека ако Лондон може да си дозволи да го направи тоа со ограничени овластувања и ресурси, тогаш ќе има обновен интерес да се осигура дека децата во Британија „имаат барем еден хранлив оброк во текот на денот“.

Ана Тејлор, извршен директор на Фондацијата за храна, ја повика владата да ја следи иницијативата на Кан и да инвестира во проширување на бесплатните училишни оброци во претстојниот пролетен буџет.

Таа изјави дека најавата на градоначалникот е голем чекор напред за заштита на благосостојбата на децата, но дека надвор од Лондон, стотици илјади деца сè уште живеат во сиромаштија затоа што не се квалификуваат за бесплатни училишни оброци.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (21.02.2023)
Следно: Што се случува кога јадете седум ореви дневно?

Поврзани вести

u18-1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У18: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати

Димитар Петковски 13/12/2025 20:10
FB_IMG_1765539702539
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ЕП 2026: Македонската репрезентација ќе се подготовува во Хрватска и Швајцарија на турнир

Димитар Петковски 12/12/2025 13:19
Timco Mucunski
  • Вести
  • Македонија

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Шеталиште 11/12/2025 12:44
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Македонија У18: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати u18-1 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У18: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати

13/12/2025 20:10
ЕП 2026: Македонската репрезентација ќе се подготовува во Хрватска и Швајцарија на турнир FB_IMG_1765539702539 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ЕП 2026: Македонската репрезентација ќе се подготовува во Хрватска и Швајцарија на турнир

12/12/2025 13:19
Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма Timco Mucunski 3
  • Вести
  • Македонија

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

11/12/2025 12:44
ФФМ со ново партнерство со ‘FANZEAL’ за проширување на дигиталните и комерцијалните можности 01-1536x1113 4
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

ФФМ со ново партнерство со ‘FANZEAL’ за проширување на дигиталните и комерцијалните можности

11/12/2025 12:42
Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски Kocevski 5
  • Вести
  • Македонија

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

11/12/2025 12:42

Можеби сте пропуштиле

u18-1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У18: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати

Димитар Петковски 13/12/2025 20:10
TOM_6565
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (13.12.2025)

Шеталиште 13/12/2025 16:33
597873442_1289610816528581_6098069010050024092_n
  • Промо

ДЕДО МРАЗ ВЛЕЗЕ ВО IT СВЕТОТ: ЗАПОЧНА ДИГИТАЛНИОТ ADVENT CALENDAR СО 1600+ ПОДАРОЦИ!

Шеталиште 13/12/2025 16:18
IMG_7898
  • Промо

Black Friday 2025: Рекордна глобална онлајн потрошувачка

Шеталиште 12/12/2025 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани