Во пресрет на новогодишните празници, ги посетивме оние места каде што најмногу е потребно внимание, топол збор и искрена поддршка.
Со најмалите пациенти на одделението за детски болести во Општата болница „Борка Талески“, како и нашите повозрасни сограѓани, штитениците во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, споделивме празнична радост и им упативме порака дека не се сами, особено во најубавиот период од годината.Хуманоста, солидарноста и грижата за секој човек се темел на нашата заедница.
Тоа е духот на Прилеп и наша трајна обврска.




