Јавната установа детски градинки „Естреја Овадија Мара“ го одбележа својот патронен празник и значајниот јубилеј – 65 години од постоењето на установата.
Прославата се одржа под мотото „Твојата храброст – наш патоказ“, а на настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој им упати честитки на раководството, вработените и децата по повод патрониот празник и големиот јубилеј.
Во рамки на одбележувањето, децата од градинката заедно со воспитувачите и останатиот стручен кадар подготвија пригодна програма, со која ја збогатија прославата и ја одбележаа долгогодишната традиција и посветеност на установата во грижата и воспитанието на најмладите.
Прославата се одржа во објектот „Пролет“, во рамки на ЈУДГ „Естреја Овадија Мара“.

