Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

„Градот ме тера да пеам“ музичка програма во Битола

admin 11/04/2024 00:00
Messenger_creation_0aa16abd-8166-4f5b-b071-e121aa7d7078

Оваа сабота, 13 април, во Битола ќе се реализира целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ во партнерска соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

Во рамки на настанот со концертни и диџеј настапи ќе се претстави дел од македонската музичка сцена составена од млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура.

Програмата ќе се реализира на две локации.
Преку ден во кафе барот Јагода од 12 до 16 часот, на битолскиот широк сокак ќе се промовира ПОП КУЛТУРА – винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари. Ова исклучително винил издание е реализирано како дел од платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и опфаќа песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Зи, Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признaениот музичар Slatkaristika. Промоцијата ќе опфати музичка програма со настапи на младите диџеи Димчуга (Dimchuga) од колективот WHY2K?, Гелев (GLV) и Кекиќ (Kekikj) од колективот МИНТ.

Вечерната програма од 20 часот до 5 часот наутро ќе се реализира во култниот битолски клуб Јагода. Првиот дел од вечерта со концертни настапи ќе се претстави младата генерација музичари, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена. На сцената ќе настапат: Димитра, како претставник на локалната битолска сцена и бендовите Локал Блу (The Local Blue), Занаду и музичкиот проект Поетроника. По полноќ публиката ќе танцува на музичкиот избор на младите диџеи Јос и Мартина Пенева.

„Градот ме тера да пеам“ е една од бројните програми уредени од Мирко Попов, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура. Тие заедно создаваа нови простори за презентација на музичката култура, следејќи ги будно младите и надоаѓачки сили, со кои во една интергенерациска нишка делеа сцени, искуство и соработка.
„Градот ме тера да пеам“ е песна на Мирко Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација на македонска музика селектирана од Мирко за која вели дека е „Приказна за убавите деца на овој град… убавите деца на оваа земја“, и име на 12-тото издание на фестивалот ПМГ Рекордингс во 2020 година.
„Градот ме тера да пеам“ е музички настан кој ќе се реализира оваа сабота на 13 април во Битола, за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“.

Ве каниме во Битола заедно да танцуваме и да ја славиме македонската музика и култура.

Continue Reading

Претходно: И денеска топло до 29 степени
Следно: Тешко повреден маж, со мопед излетал од патот Градско- Прилеп

Поврзани вести

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 2
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 4
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58
Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

07/09/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани