Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

Шеталиште 16/06/2025 12:00
Los Angeles Gradsko Sobranie

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме, од вечер во 20:00 часот, до вторник наутро во 6:00 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани.

Во објавата споделена на фејсбук профилот на македонската православна црква на Пресвета Богородица во Лос Анџелес, се упатува повик за присуство на овој настан за оддавање почит на жртвите од неодамнешната трагедија во Кочани.

– Изразуваме длабока солидарност со луѓето во Кочани, со глобалната македонска заедница и со сите погодени, додека продолжуваме да жалиме за оваа срцепарателна загуба. Оваа трогателна почит, која се оддава на три месеци од несреќата, ќе биде потсетник дека нашето единство и сочувство, дури и преку океаните, остануваат непоколебливи. Искрено му благодариме на градскиот советник Сото – Мартинез од областа 13, на неговиот прекрасен тим и на градот Лос Анџелес за нивната солидарност со македонскиот народ, стои во објавата на фб профилот на македонската црква.

Градскиот советник Хуго Сото – Мартинез по повод настанот насловен „Македонски ден на сеќавање“ во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, Македонија, изразува зжалење за загубата на 62 животи и солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина.

– Македонската заедница во Атвотер Вилиџ и пошироко низ Лос Анџелес, иако малубројна, е енергична и длабоко вкоренета уште од 1960-те години. Како град длабоко жалиме за загубените 62 животи во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ и ја изразуваме нашата солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина, напиша на својот фб профил градскиот советник Сото – Мартинез во областа 13.

На 16 јуни се навршуваат три месеци од трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март во раните утрински часови, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. По завршување на истрагата 34 физички и три правни лица се обвинениети за тешки дела против општата сигурност. 

Continue Reading

Претходно: Левица предлага шестчасовно работно време, без намалување на платите
Следно: Одбележани 82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Поврзани вести

Messenger_creation_AE6403AA-C40A-4181-A95E-4FECC73821E7
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Битолчаните Александар и Филип редовни подржувачи на македонската репрезентација (Видео)

Димитар Петковски 18/01/2026 17:15
Screenshot-2026-01-18-084509
  • Свет

Трагедија во Австрија: Петмина скијачи загинаа во лавини кај Салцбург, хеликоптери спасуваа преживеани

Шеталиште 18/01/2026 13:15
img_6187-750x375
  • Свет

Водици во Австралија: Македонската дијаспора ќе го положи светиот крст во морето

Шеталиште 17/01/2026 13:04
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Битолчаните Александар и Филип редовни подржувачи на македонската репрезентација (Видео) Messenger_creation_AE6403AA-C40A-4181-A95E-4FECC73821E7 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Битолчаните Александар и Филип редовни подржувачи на македонската репрезентација (Видео)

18/01/2026 17:15
Трагедија во Австрија: Петмина скијачи загинаа во лавини кај Салцбург, хеликоптери спасуваа преживеани Screenshot-2026-01-18-084509 2
  • Свет

Трагедија во Австрија: Петмина скијачи загинаа во лавини кај Салцбург, хеликоптери спасуваа преживеани

18/01/2026 13:15
Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари tutun-2 3
  • Прилеп инфо

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

18/01/2026 13:14
28 – годишен битолчанец уапсен поради напад на својата баба 3policija-420x240-138854-1 4
  • Битола инфо

28 – годишен битолчанец уапсен поради напад на својата баба

18/01/2026 13:13
Денес е Водокрст, утре Водици: Се пости само на вода и се осветуваат и крштеваат сите води image-244717 5
  • Македонија

Денес е Водокрст, утре Водици: Се пости само на вода и се осветуваат и крштеваат сите води

18/01/2026 11:04

Можеби сте пропуштиле

Messenger_creation_AE6403AA-C40A-4181-A95E-4FECC73821E7
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Битолчаните Александар и Филип редовни подржувачи на македонската репрезентација (Видео)

Димитар Петковски 18/01/2026 17:15
Screenshot-2026-01-18-084509
  • Свет

Трагедија во Австрија: Петмина скијачи загинаа во лавини кај Салцбург, хеликоптери спасуваа преживеани

Шеталиште 18/01/2026 13:15
tutun-2
  • Прилеп инфо

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

Шеталиште 18/01/2026 13:14
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

28 – годишен битолчанец уапсен поради напад на својата баба

Шеталиште 18/01/2026 13:13

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани