Граната од Првата светска војна e пронајдена во Преспанско Езеро, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 10 часот во Секторот за внатрешни работи – Битола е пријавено дека во туристичката населба во село Отешево, во водите на Преспанското Езеро била пронајдена граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, гранатата е безбедно подигната и утврдено е дека се работи за минофрлачка граната, 75 милиметри, од Првата светска војна – се појаснува во соопштението.
Извор: МИА
Фото: МИА архива

