Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Граѓаните стравуваат од нови ценовни скокови, надлежните тврдат нема да се дозволи

admin 06/05/2025 00:00
market-kosnicka

Цените по рафтовите останаа непроменетеи но граѓаните стравуваат од можност за нагло зголемување. Граѓаните кои утринава излегле да пазарат велат дека цените се непроменливи, но дека стравуваат од повисоки цени, за моменталната состојба велат дека прескапа е живеачката.

Потенцираат дека меѓу факторите кои ја подгреват сиромаштијата се ниските плати и пензии со што се доведени во ситуација наместо во килограм да купуваат на парче.

Доколку по завршување на мерката со која беа ограничени маржите и цените на дел од основните прехранбени производи и средства за хигена има девијантно однесување од страна на маркетите или енормно зголемување на цените на производите ќе бидат воведени поригорозни мерки, велат од Министерство за економија и труд.

„Од почетокот на месец мај во соработка со Државниот пазарен инспекторат ќе вршат контроли на терен за да видат дали по завршување на мерката за ограничување на бруто-профитната маржа и за замрзнување на цените, ќе има енормно зголемување. Доколку е потребно, идните мерки ќе бидат поригорозни од досегашните. Ова значи дека може да биде проширен опфатот на производи на кои се ограничува цената, да се воведе ограничување на маржите на сите производи во маркетите или да се зголеми вредноста на постојното ограничување на маржите.“ – велат од Министерство за економија и труд.

Инспекторите ќе бидат на терен, вели директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски кој потенцира дека е направен оперативен план за месец мај од кој ќе зависи понатамошното постапување на Владата во однос на состојбата со цените.

„Направен е оперативен план за месец мај каде што Државниот пазарен инспекторат ќе биде на терен, ќе врши мониторинг на производители, диструбутреи – увозници, и маркети односно ланци на маркети, каде што ќе се утврдуваат бруто профитните маржи. Ќе бидеме постојано на терен. Врз основа на таа анализа Владата ќе одлучи како ќе се постави понатаму, сепак се работи за пазарна економија.“ – вели директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски.

Со завршување на владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи,сега, трговците повторно имаат слобода да ги одредуваат цените на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи.

Continue Reading

Претходно: Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот
Следно: Топло со поројни дождови

Поврзани вести

Komunalci
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

Шеталиште 23/01/2026 14:29
vestacka-inteligencija
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

Шеталиште 23/01/2026 14:27
scena-od-siljan
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

Шеталиште 23/01/2026 14:19
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст image-245086 1
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

23/01/2026 14:52
Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија Komunalci 2
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

23/01/2026 14:29
Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ vestacka-inteligencija 3
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

23/01/2026 14:27
„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика scena-od-siljan 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

23/01/2026 14:19
Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување Er-traktori 5
  • Вести
  • Македонија

Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

23/01/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани