Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Автомобили

Граѓаните ќе плаќаат и до 2.000 евра повеќе за стари автомобили

Шеталиште 26/01/2026 14:28
vozilavozila-avtomobili

Европската Унија најави построги правила за извоз на половни автомобили, со цел да се спречи извезувањето технички неисправни и еколошки штетни возила надвор од Унијата. Ова практично значи дека старите автомобили што се со голема километража нема да можат да се извезат од Германија, Словенија, Италија и од другите европски земји. Имено, за да може да се увезе ваков автомобил во Македонија, ќе треба регистрацијата, односно техничкиот преглед и осигурувањето, да се изврши во земјата од каде што се увезува автомобилот. Потврда за тоа ќе се добива со задолжителен технички преглед или процена од независен експерт, а без таков документ, возилото едноставно нема да може да се регистрира, да се извезе или да се продаде преку официјални канали. Трошокот за издавање сертификат за техничка исправност нема да биде мал и, според некои процени, тој може да биде во опсег од 1.500 до 2.000 евра.

Увозниците на половни автомобили во државата велат дека сега увезените автомобили може ќе бидат поскапи, ама купувачите ќе бидат сигурни дека се технички исправни и дека не е вратена километражата.

– Потврда за тоа дали може да се увезе возилото ќе се добива со задолжителен технички преглед или процена од независен експерт, а без таков документ, возилото едноставно нема да може да се регистрира, да се извезе или да се продаде преку официјални канали. Јас увезувам автомобили претежно од Германија и не можам да добијам дозвола за извоз ако не е регистрирано возилото или ако Комисијата не даде мислење дали е исправно возилото и дали може да се вози. При технички преглед во Германија, ги запишуваат и поминатата километражата на возилото, која потоа не може да се врати, загадувањето, издувните гасови… Така, на пример, некое возило може да е од 2008 година, а да е во добра состојба, односно да има технички важечка регистрација во ЕУ и да може да се извезе – изјави за весникот ВЕЧЕР Александар, сопственик на автоплац во Скопје.

Тој вели дека во моментов кај нас сè уште може да се увезуваат автомобили со евро 4 стандард, односно од 2008 година наваму.

– Оваа одлука може да ја крене цената на половните возила, бидејќи на овој начин ќе се увезуваат претежно понови возила, кои се и поскапи, а, од друга страна, самите трошоци за регистрација, технички преглед итн. ја креваат цената на возилото. Но, добро е што купувачот ќе знае дека автомобилот што ќе го купи нема да биде дел од нашминканиот автоотпад што го носат од Запад дел од автопрекупците во Македонија и на Балканот – вели Александар.

Новиот пакет регулативи што го подготвува Брисел предвидува кога ќе се продава или извезува одредено возило од ЕУ, мора да биде јасно докажано дека не е „возило на крајот од животниот век и дека е технички исправно и безбедно за сообраќај. Целта на оваа измена е да се спречи најлошо одржаните или технички неисправни автомобили да завршуваат во трети земји.

Но, поради големиот трошок за сертификатот за техничка исправност, кој ќе биде блиску или дури над вредноста на најевтините автомобили што се извезуваат на пазарите на Балканот, едноставно нема да се исплати да се извезуваат многу стари возила од ЕУ, па наместо тоа, ќе завршуваат на рециклирање во самата Унија.

Сепак, возилата што се исправни и стари само две-три или пет години и понатаму ќе може нормално да се извезуваат, без значителни проблеми. Но, изборот на најстарите евтини модели, кои често се барани на пазарите како нашиот, пред сè поради нискиот животен стандард на граѓаните, ќе биде намален пренесува Вечер.

Continue Reading

Претходно: МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите
Следно: Како бременоста влијае на мозокот на трудницата?

Поврзани вести

17431119-01-2026elektriceniaparatzapolnenje
  • Автомобили

Рекорден број регистрирани електрични автомобили во првите девет месеци од годината

Шеталиште 29/10/2026 07:14
17431119-01-2026elektriceniaparatzapolnenje
  • Автомобили

Во ЕУ се намалува интересот за купување дизел автомобили – електричните автомобили ги надминаа бензинците

Шеталиште 22/10/2026 10:01
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија Screenshot_20261115_040736_Chrome 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија

15/11/2026 03:08
ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола Screenshot 2026-11-14 at 17.15.44 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола

14/11/2026 16:18
Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

14/11/2026 14:04
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември mickoski 4
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

14/11/2026 13:58
Мицкоски: Повеќе од шест отсто раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел – ова е лоша вест за опозицијата hristijan-mickoski 5
  • Вести
  • Економија

Мицкоски: Повеќе од шест отсто раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел – ова е лоша вест за опозицијата

14/11/2026 13:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261115_040736_Chrome
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија

Димитар Петковски 15/11/2026 03:08
14.11.2026-14
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.11.2026)

Шеталиште 14/11/2026 16:43
Саботно кафе во Прилеп (14.11.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (14.11.2026)

Шеталиште 14/11/2026 16:25
Screenshot 2026-11-14 at 17.15.44
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола

Шеталиште 14/11/2026 16:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани