Грбавиот кит, што се заглави во Балтичкото Море, во германските медиуми наречен Тими, стигна до возилото наменето за негов транспорт до слобода.
Животното влезе во таканаречената баржа откога претходно волонтери го влечеа во таа насока со ремени, како што можеше да се види на преносите во живо од операцијата, пренесе ДПА.
Баржата е еден вид преносен лебдечки резервоар за вода, кој вообичаено се користи за транспорт на бродови.
Сега китот треба да биде транспортиран кон Северното Море на патување за кое се очекува да трае неколку дена.
Извор: МИА
Фото: ЕПА архива

