Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

Шеталиште 21/08/2025 07:51
20250821094504_big_730x400_29

Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти и инфраструктура, сообраќајна надградба на патната мрежа преку прераспоредување на активностите, како и обезбедување на потребните услови за значително подобрување на услугите за пасошката, царинската, фитосанитарната и ветеринарната контрола, предвидува проектот „Надградба на граничниот премин Евзони – Килкис“ на Министерството за внатрешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно одлуката на надлежниот министер Теодорос Ливаниос, објавена вчера, проектот за надградба на граничниот премин кон нашата земја од грчка страна вклучен во „Програмата за јавно-инвестициски проекти на Министерството за внатрешни работи за периодот 2021 – 2025“, е во висина од 24,6 милиони евра, а има за цел „да го олесни прекуграничното движење и трговија, да ја зголеми ефикасноста на граничните контроли, да го намали времето на чекање за патници и возила, да ја зголеми соработката на земјата со С. Македонија, а со тоа да придонесе за зајакнување и подобрување на добрососедските односи“.

Дополнително, со надградбата Грција ќе се усогласи и со соодветните ЕУ регулативи што ја уредуваат прекуграничната размена на лица и стоки, како што се: Регулативата за системот Шенген, Системот за влез-излез (ЕЕС); Системот ЕТИАС, со Европската гранична и крајбрежна служба ФРОНТЕКС (ЕУ 2019/1896), Царинскиот кодекс на ЕУ) и со Фитосанитарните и ветеринарните регулативи.

Како што пишува во одлуката на грчкиот министер, датумот на започнување на проектот е 12 август 2025 година, а „датумот на завршување на проектот се определува на 31 декември 2027 година“, додека вкупна вредност на проектот е 24.625.695,05 евра.

Според генералниот секретар на децентрализираната администрација на регионот Македонија – Тракија Димитрис Галаматис, интервенциите на граничниот премин Евзони „се од клучно значење“, а проектот значително ќе придонесе за нормализирање на движењето на граѓаните, како и за побрзо спроведување на процедурите при преминување на границата.

-За да се разбере неопходноста на овие интервенции, индикативен е бројот на годишни преминувања преку Евзони, кој достигнува 2,5 милиони. Факт што го прави граничниот премин Евзони најголемата копнена порта за влез во земјата. Неговата надградба е императив, бидејќи моменталната ситуација, меѓу другото, ги отежнува процедурите за пасошка, царинска, ветеринарна и фитосанитарна контрола. Надградбата на преминот претставува значајна инвестиција за регионот, зајакнувајќи ја националната економија и олеснувајќи ја регионалната соработка. Станува збор за проект од национално стратешко значење, истакна Галаматис.

Надградбата на копнените гранични премини на Грција, меѓу кои и оној кон нашата земја беше најавена на почетокот на годинава, додека пред три месеци заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас одржан состанок на граничниот премин Евзони.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средината на јануари годинава осврнувајќи се на заложбите на Владата за 2025 година, го спомена и подобрувањето на работата на граничните премини и објасни дека надградбата започнува со преминот Кипи во Еврос кон Турција, а потоа ќе следи надградба на сите главни копнени гранични премини (Кастаниес кај Еврос, Евзонои, Лемос во Преспа, Какавија и Кристалопиги).

– Нивната сегашна слика не е соодветна за европска држава како Грција. За прв пат по децении, ќе се изврши градежна и технолошка обнова на сите централни влезни/излезни точки во земјата, со цел побрзо да се опслужуваат посетителите и трговскиот транспорт. Намалувањето на времето на чекање на влезовите и излезите на земјата ќе придонесе за економска и туристичка стимулација на северна Грција, од Тракија до Епир, напиша тогаш Мицотакис.

На граничниот премин Евзони-Богородица, поради големиот број туристи не само од нашата земја туку и од балканските и централноевропските држави, се создаваат редици возила, а чекањето за влез во Грција, доста често, особено во летото трае со часови.

Continue Reading

Претходно: Денеска се празнува Свети Анастасиј – Спасо Радовишки
Следно: Паста со четири вида сирење

Поврзани вести

18-1536x1024
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 19 години доживеа пораз на контролниот натпревар против Луксембург

Димитар Петковски 03/10/2026 06:45
grcija-1
  • Балкан

Невреме на грчкиот остров Крит – проблеми во бродскиот сообраќај во Грција

Шеталиште 01/10/2026 09:32
brnabic-so-vucic-848x446
  • Балкан

Брнабиќ ја презеде претседателската функција во Србија

Шеталиште 28/09/2026 07:15
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 3
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 4
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 5
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани