По големите гужви и колони на грчкиот граничен премин Евзони во текот на минатиот викенд грчките власти најавија нова организација на работа за да се намалат долгите чекања за влез во земјата. За да се намали притисокот врз Евзони, властите ги препорачуваат и граничните премини Дојран и Меџитлија.
Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (YUTA), Александар Сеничиќ, кој изјави дека од грчка страна добиле уверување дека ќе бидат отворени две, па дури и три ленти наменети за туристички автобуси.
Минатиот празничен викенд колоните предизвикаат нервоза кај туристите, бидејќи на Евзони функционирала само една само една лента за автобуси и две за патнички возила, а дополнителен проблем создале и техничките прекини на системот на граничните премини поради прекин на електричната енергија.

