Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со Мицотакис

Шеталиште 19/01/2026 09:17
grchki-zemjodelci-860x484

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се сретне со претставници на земјоделците од 62 блока од цела Грција, кои веќе 50 дена протестираат, а во пресрет на состанокот, како во изминатите денови, така и во текот на денешниот ден, патиштата и граничните премини ќе останат отворени, што воедно беше и главен предуслов на Владата за да се одржи средбата, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците формираа делегација од 25 претставници и шестмина набљудувачи и според најавите, на средбата ќе покренат 14 барања меѓу кои договорот Меркосур, поевтина електрична енергија и гориво за сите земјоделци, обесштетувања за сите болести кај животните, но и за природните опасности, како и надоместувањето на изгубениот приход.

Во неделната традиционална објава на Фејсбук, Мицотакис вчера се осврна и на земјоделците, потсети дека „од самиот почеток беше јасно дека Владата одбира дијалог, но без лесни ветувања и без потези што би го поткопале севкупниот напора за стабилност на економијата“.

Посочи дека земјоделците знаат дека рамката на владини интервенции веќе е објавена, рамка што е „јасно определена од фискалните можности, кои се исцрпени, од социјалната правда и од европските правила“.

– Нашата цел не се парцијални решенија, туку праведен, транспарентен и ефикасен систем на земјоделски субвенции. Систем што ги поддржува вистинските производители, без да нанесува неправда на остатокот од општеството и што на примарниот сектор му дава перспектива за подобри производи и повисоки приходи, напиша Мицотакис.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, со блокади на автопатишта, патишта, гранични премини, а тракторите и понатаму се на улица, паркирани во една коловозна лента.

Грчкиот премиер во вторникот се сретна со претставници на околу 18 земјоделски блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата.

Continue Reading

Претходно: Собраќајот по наместа влажни коловози, нема задржувања на граничните премини
Следно: Избрана новата Влада на Република Српска

Поврзани вести

images-9-
  • Балкан

Стотици луѓе на улиците во Атина поради цените на становите

Шеталиште 12/11/2026 09:38
4e0a72d5-ed3d-4bf1-8359-af10a6f85271-1536x1022
  • Македонија
  • Балкан
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 21 година во Нови Сад ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во четврток

Димитар Петковски 11/11/2026 06:10
burgas-1170x860
  • Балкан

Една жртва и повеќе повредени во верижни сообраќајни несреќи со над 50 возила на автопатот „Тракија“ во Бугарија

Шеталиште 10/11/2026 10:33
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп opstina-prilep-1 1
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

17/11/2026 14:44
Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“ Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“ 2
  • Вести
  • Битола инфо

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“

17/11/2026 14:08
Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци 3
  • Вести
  • Македонија

Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци

17/11/2026 13:29
Голем исчекор за малите борци: За првпат се подготвува парична помош за предвреме родените бебиња 20261117133309_big_730x400_19 4
  • Прилеп инфо

Голем исчекор за малите борци: За првпат се подготвува парична помош за предвреме родените бебиња

17/11/2026 13:02
Тутунарите ја почнаа сезоната со повисока цена: Откупот стартуваше со 435 денари за килограм large (79) 5
  • Прилеп инфо
  • Регион

Тутунарите ја почнаа сезоната со повисока цена: Откупот стартуваше со 435 денари за килограм

17/11/2026 12:54

Можеби сте пропуштиле

opstina-prilep-1
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

Шеталиште 17/11/2026 14:44
Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“
  • Вести
  • Битола инфо

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“

Васка М.Младеновска 17/11/2026 14:08
Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци
  • Вести
  • Македонија

Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци

Васка М.Младеновска 17/11/2026 13:29
20261117133309_big_730x400_19
  • Прилеп инфо

Голем исчекор за малите борци: За првпат се подготвува парична помош за предвреме родените бебиња

Шеталиште 17/11/2026 13:02

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани