Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата

Шеталиште 23/03/2026 08:44
20260323091407_big_730x400_26

„Северна Македонија: „Кратење“ на ДДВ-то на горивата за да се задржат цените на бензинските пумпи“; „Северна Македонија го намалува на половина ДДВ-то на горивата за да го запре покачувањето на цените“; „Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата“; „Владата во Скопје го намалува ДДВ-то на горивата“, „Северна Македонија го намалува ДДВ-то на горивата поради војната на Блискиот Исток“, се дел од насловите во грчките медиуми за владината одлука за намалување на данокот на додадена вредност за горивата со цел да се спречи енормниот скок, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција коментираат дека „уште една земја воведува драстични мерки за запирање на поскапувањата поради војната на Блискиот Исток“, дека земјата презема мерки за високите цени на горивата и објаснуваат дека ДДВ-то се намалува на 10 од 18 отсто што ќе важи за бензинот и дизелот за следните две седмици.

– Владата на Северна Македонија соопшти намалување на ДДВ-то на горивата, во обид да ги ограничи поскапувањата на цените предизвикани од војната на Блискиот Исток. Одлуката предвидува речиси преполовување на данокот, со цел да се задржат цените на бензинските пумпи, пишува онлајн изданието на весникот „Та неа“.

– ДДВ-то на бензинот и на дизелот ќе се намали од 18 на 10 отсто, изјави премиерот Христијан Мицкоски пред новинарите по седницата на владата посветена на ова прашање, објави државната телевизија ЕРТ.

Грчките медиуми објаснуваат дека одлуката стапува во сила денеска, ќе важи во следните две седмици и ја пренесуваат изјавата на премиерот Мицкоски дека „цената на бензините ќе остане иста, а цената на дизелот да се зголеми околу 3 до 3,5 денари (0,04 до 0,05 центи) по литар“.

Дополнително, повикувајќи се на податоците од француската новинска агенција, пишуваат дека цените на бензинот и на дизелот вчера се зголемија на околу 1,40 и 1,49 евра за литар.

Во Грција, во однос на горивата, пред две седмици, со одлука на Владата беше воведен плафон на профитната маржа што не смее да надмине 5 центи по литар гориво во големопродажбата и 12 центи на бензинските пумпи во Грција, додека пак претпладнево грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе соопшти нови мерки за поддршка на граѓаните, меѓу кои се очекува да биде вклучен и бензинот.

Утрово, цената на бензинот во Атина е над 2 евра.

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: РКЕ одлучува за нови цени на горивата
Следно: 46 – годишен битолчанец при претрес пронајдени дрога, вага и пари

Поврзани вести

policija-svetla39-1
  • Балкан

Лажни лекари од Македонија „оперирале“ во Загреб, изнудиле 40.000 евра од пензионерка, полицијата уапсила една жена, а по двајца се трага

Шеталиште 14/04/2026 07:31
Screenshot_20260410_165554_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Регион
  • Спорт
  • Фудбал

Босански спорт: Стадионот „Петар Милошевски“ е еден од бисерите на Балканот (Видео)

Димитар Петковски 10/04/2026 15:37
restoran
  • Балкан

Сезонците тргнаа на Јадран: Хрватска бара околу 70.000 работници, плати од 1.000 до 3.000 евра

Шеталиште 08/04/2026 07:20
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал aerodrom--1536x1084 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

16/04/2026 11:50
Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 3
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40
АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден jajca 4
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

16/04/2026 09:39
Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12

Можеби сте пропуштиле

aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15
nikoloski-660x500
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

Шеталиште 16/04/2026 09:40
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани