Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Дали се изгубивте во празниците?

Шеталиште 20/01/2026 09:42
611627193_25602198219447155_8062491459847352908_n

Втората Свесност: LIVE session, која се одржа на крајот на декември во просторот на кафетеријата Училница, пред празниците отвори теми што денес, по празничниот период, звучат уште поактуелно. Наместо веднаш да се сумираат впечатоците, тимот на Свесност одлучи да направи пауза и да ѝ дозволи на темата да „одлежи“ – токму за да се види како навистина сме ги поминале празниците.

Темата на втората сесија, „Како да влеземе во празниците без да се изгубиме“, беше посветена на празничниот замор, лажните допамини и притисокот постојано да се наградуваме со уште активности, уште дружења и уште стимулација, во период кога на телото и умот најмногу им е потребен одмор.

Во отворената дебата учествуваа проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска-неуропсихијатар, Љубица Ангелкова-комуникациски консултант, Аријан Раиф-фитнес тренер. Разговорот го модерираше Катерина Крстевска Ристески, психотерапевтка од Свесност, која овозможи безбеден простор за дијалог без притисок и без готови одговори.

Научниот контекст го постави проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, која објасни дека празничниот пад е очекуван:

„Допаминот не е хормон на среќата, туку на очекувањето. Кога постојано сме стимулирани, нервниот систем нема време за вистинска регулација.“

Во текот на разговорот, Љубица Ангелкова посочи дека празничната култура често го меша одморот со постојана стимулација:

„Празниците не нè релаксираат ако ги користиме за преголема социјализација. Можеби најрадикалното нешто што можеме да го направиме во празничниот период не е да додадеме уште една активност, туку да престанеме да одиме на сè. Да не одговараме на сè. Да не мораме да бидеме весели за да бидеме прифатени. И да си дозволиме нешто што денес изгледа речиси субверзивно: да не бидеме стимулирани. И можеби најголемиот луксуз во празничниот период не е тоа што можеме да си го дозволиме, туку тоа што ќе си го поштедиме.”

Од аспект на физичкото здравје, Аријан Раиф нагласи дека телото прво реагира кога темпото е погрешно:

„Луѓето мислат дека заморот се решава со уште една активност, а телото всушност бара пауза. Кога не го слушаме, тоа почнува да зборува преку болка и исцрпеност. Прејадување ти за празниците е посебна и голема тема која е поврзана со немање на дисциплина или купување на задоволства на краток рок.“

Во текот на сесијата се отворија дискусии за тоа како празниците често се доживуваат како обврска наместо како одмор, за губењето на толеранцијата на тишина, како и за сигналите што телото и психата ги испраќаат кога темпото е погласно од потребите. По празниците, голем дел од присутните споделија со тимот на Свесност, дека разговорот им помогнал поинаку да ги поминат деновите – со помалку обврски, помалку чувство на вина и повеќе внимание кон сопствениот ритам.

Свесност: LIVE sessions продолжува со своето трето издание на 22 јануари (четврток), во Училница, со почеток во 17:00 часот.

Темата на следната сесија е:

„Поставување цели – каде одиш и зошто баш таму?“

Овојпат фокусот се поместува од празничниот замор кон прашањата што природно се појавуваат по празниците: како се поставуваат целите, дали тие се наши или преземени од околината, и како да се направи разлика меѓу амбиција и притисок.

Во разговорот ќе учествуваат:

  • проф. д-р Кети Арсовска Несторовска, универзитетски професор во пензија и истакнат социолог, која ќе понуди поширок културолошки и општествен контекст за тоа како се формираат вредностите и насоките во кои се движиме.
  • Андриана Поповска, Head of Human Resources, со искуство во корпоративен и меѓународен контекст, која ќе го отвори прашањето за личните и професионалните цели во современото работно опкружување.
  • Теодор Тодоровски, генерален менаџер и визионер во fintech и P2P секторот, кој ќе зборува за целите од перспектива на одговорност, одржливост и финансиска реалност

Разговорот ќе го модерира Викторија Тодоровска лиценциран психолог и психотерапевт од Свесност.

Како и досега, Свесност: LIVE sessions не нуди мотивациски флоскули, брзи решенија или „нова година – нов јас“ наративи. Наместо тоа, нуди разговор, тишина и простор за размислување – таму каде што завршува галамата, а почнува личната одговорност кон сопствениот правец.

Continue Reading

Претходно: Нов дводневен штрајк на таксистите во Атина
Следно: Денеска е Свети Јован Крстител, еден од најзначајните христијански празници

Поврзани вести

DSC02056
  • Промо

КС Групација ја реализираше својата 18- та крводарителска акцијa

Шеталиште 17/06/2026 09:46
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
Naslovna MINT
  • Промо

Подарок што никогаш нема да биде погрешен

Шеталиште 10/06/2026 11:01
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани