Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Дарио Ивановски го сруши државниот рекорд во полумаратон на „Трчај бе“ во Битола

admin 03/09/2023 00:00
POBEDNIKOT-DARIO-IVANOVSKI-SO-NIKOLA-DIMITROVSKI-OD-KREATORITE-NA-TRCHAJ-BE

Рекордерот на Македонија во повеќе атлетски дициплини, Дарио Ивановски, е победник на Балканското првенство во полумаратон што денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај бе“, што воедно е и најголемиот спортски настан во Битола. Ивановски истрча 21км за еден час, четири минути и 45 секунди и го сруши државниот рекорд во полумаратон во машка конкуренција. Второпласиран беше Ахмет Алканоглу од Турција со време 1:04:25, трет Романецот Стефан Иулис Гавлила со 1:07:42. Во женска конкуренција победи Луиза Гега од Албанија, една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчез и финалистка на последното Светско првенство, со време од еден час, 14 минути и 30 секунди. Второто место го освои Маринела Нинева од Бугарија со заостанување од 53 секунди, а трета е Бугарката Девора Аврамова.

„Уживав во трката, го сакам шармот на малите градови и од таа причина дојдов во Битола. Слушнав за трката од Атлетската федерација на Македонија на средба во Будимпешта и одлучив да настапам. Патектата за трчање беше преубава со целиот градски околен амбинет“, рече Гега.

Во рамки на „Трчај бе“ се одржа и Државното првенство во полумаратон каде во машка конкуренција на првите три места избија Дарио Ивановски, Жан Тосев и Мартин Трајановски. Во женска конкуренција прва беше Тамара Јолевска-Попов, втора Марија Остојиќ и трета Жанета Богатиновска-Илиева.

Денеска битолската трка „Трчај бе“ прослави пет години. Трките се одвиваа на 5, 10 и 21 километар низ битолските улици, а учествуваа над 1.700 тркачи од различни земји. Трката веќе стана најмасовниот настан за компаниски тим билдинг, па фирми со седиште во земјава кои имаат вработени и соработници од надвор, ги поканија да трчаат заедно во Битола.

„Имаме македонско-јапонска компанија од Охрид која ги покани своите вработени од Јапонија и денес Македонците и Јапонците трчаа заедно. ‘Најтив тимс’, битолски старт-ап, ги повика соработниците од Бали, Намибија и многу други егзотични земји да трчаат во Битола. Од оваа компанија трчаа 86 лица од 20 различни земји. Целта ни е да развиеме спортскиот туризам, ова е најмасовниот спортски настан во Битола, со 1.700 учесници. Прераснува во голем економски и турсистички производ за Битола“, велат организаторите.

Битола и патеката на „Трчај бе“ од оваа година го поседуваат највисокиот сертификат AIMS признат од Светската атлетска федерација, со кој сите постигнати резултати на овие трки ќе бидат меѓународно признати. На 27 август, во Битола дојде сертифицираниот експертза мерење на патеки Борут Подгорник и го изведе мерењето на патеките за трките на 10 и 21 километар.

Претседателката на Атлетската федерација на Македонија Александра Војнеска-Зикова рече дека ваквите настани се исклучително важни за да се поттикнат младите да стануваат атлетичари.

„Ако има ваков тип на настани и атлетски клубови во кои би можеле младите да стартуваат со атлетика, мислам дека нема да имаме проблем понатаму да изградиме здрави атлетичари. Децата се огледуваат на идоли. Денес можеа да почувствуваат колку е убаво да си млад натпреварувач, освојувач на награди, рекорди“, рече Војнеска-Зикова.

Continue Reading

Претходно: Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто, климатските промени го зедоа данокот
Следно: Од ноќеска поројни дождови, од вторник посвежо време

Поврзани вести

FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19
Screenshot_20260419_150257_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 20/04/2026 13:52
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

Шеталиште 20/04/2026 10:44
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Поскапуваат цените на летовите avion-2 1
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

21/04/2026 08:22
Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ FB_IMG_1776759514548 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

21/04/2026 08:19
При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците ees-1024x768 3
  • Балкан

При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците

21/04/2026 07:56
Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови 20260421091505_big_730x400_58 4
  • Свет

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

21/04/2026 07:52
Почина новинарката Гордана Дувњак 20260421091405_big_730x400_45 5
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

21/04/2026 07:51

Можеби сте пропуштиле

edukacija-seminar-2-1536x1034
  • Спорт
  • Останати

Завршен четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот во организација на ФФМ

Димитар Петковски 21/04/2026 11:13
avion-2
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

Шеталиште 21/04/2026 08:22
double-chocolate-banana-bread-5
  • Рецепти

Чоколаден банана бреад – совршен спој на мекост и богат вкус

Шеталиште 21/04/2026 08:20
FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани