Дарко Костадиновски, фризер и стилист од студиото „Ema Place“ во Прилеп, се закити со златен медал на престижниот регионален натпревар „Eco Luxury and Sustainable Glam“, кој се одржа во Белград.
На овој натпревар учествуваа професионалци од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, презентирајќи свои техники, креативност и современи пристапи во фризерството и стилизирањето.
Костадиновски го освои првото место во категоријата „Total Look“, дисциплина што бара целосна стилска целина – од фризурата и шминката, до облеката и модните додатоци. Со својот настап тој креираше препознатлив и заокружен изглед кој остави силен впечаток кај жирито и публиката.
Студиото „Ema Place“ е веќе препознатливо по својата креативност и современ пристап кон професијата. Зад успехот стои тимот составен од Дарко Костадиновски и Емилија Костадиноска, кои заедно создаваат уникатни стилови и ја градат својата репутација како едни од најистакнатите имиња во Македонија.
За Костадиновски, ова признание е уште едно значајно меѓународно искуство и потврда за неговата долгогодишна посветеност, креативност и современ пристап кон фризерството и стилот.


