Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Дванаесетгодишниот Максим освои прво место со возилото MOPI на меѓународен олдтајмер настан во Германија

Шеталиште 09/09/2025 13:42
MOPI

Дванаесетгодишниот Максим, дел од подмладокот на тимот на „Бахус Класик“ освои прво место во својата класа (микро автомобили“ на престижниот Меѓународен олдтајмер настан што се одржа во Швенцинген, Германија.

Максим е најмладиот учесник на овој настан, а успехот го постигна со возилото MOPI произведено од SAP Karoserija Ljubljana во 1947 година. Во моментов во цела Европа има само две рестарвирани вакви возила.

Возилото е произведено при крајот на 40-те и почетокот на 50-те години во поранешна Југославија во серија од 30 примероци  во соработка со Tomos, како пионерски возила за младинци на возраст од 12 до 16 години. Возилото е со зафатнина од 49 кубни сантиметри, има рачен менувач со три брзини и максимална брзина од 30км/ч.

– Максим како најмлад учесник во историјата на овој настан со само 12 години, го освои првото место во својата класа (Микро Автомобили) и со тоа стана првиот Македонец во историјата на нашата држава кој успеал да стигне до подиум на ваков престижен настан, велат од тимот на „Бахус класик“ во изјава за МИА.

Тимот на „Бахус класик“ веќе втора година учествува на овој настан на олдтајмери којшто традиционално се одржува во барокниот дворец во Швенцинген. Традиционално, и годинава тимот на Бахус класик покрај олдајмерите, ги презентираше и македонските вина и убавините на Македонија.

Во пресрет на „Бахус класик релито“ што ќе се вози во Македонија при крајот на септември беше организирано и извлекување со кое еден учесник доби бесплатно учество на релито. Станува збор за Jean Hansen од Луксембург со возилото Lagonda 2L Blower од 1931година.

На настанот во Швенцинген, што се одржа изминатиот викенд, учествуваа 180 специјално избрани луксузни олдтајмери од целиот свет кои беа оценети од меѓународно 25-члено жири.

Фото: Бахус класик 

Continue Reading

Претходно: Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата
Следно: Тарт со модри сливи

Поврзани вести

Screenshot_20260807_071348_Instagram
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

“Бродмедоу Меџик” обезбеди историски пласман во Австралиското првенство

Димитар Петковски 07/08/2026 05:17
makedonski-kadeti
  • Вести
  • Балкан
  • Кошарка
  • Спорт

Македонските кадети против Кипар сакаат победнички да го отворат европскиот собир (Линк за живо)

Димитар Петковски 06/08/2026 14:05
Screenshot 2026-08-04 171634
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Ѓорческа со само два гема освоени против Ковацкова го предаде мечот на турнирот во Лајпциг

Димитар Петковски 06/08/2026 13:53
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани