Три имиња се додадена вредност за новата сезона. Дел од нашиот колектив официјално се Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан. – стои во објавата на социјалната мрежа фејсбук на РК Алкалоид.
Нејц Цехте (33) е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, екипата на Фуксе Берлин од Германија. Претходно има настапувано и за екипите на Кршко и Горење Велење, за германскиот Хановер, данската екипа ГОГ и за РК Еурофарм Пелистер.
Матиц Сухолежник е (31) пивот висок 202 сантиметри и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на Целје, Данкерк и Шаран од Франција, Бенфика и за хрватскиот првак РК Загреб.
Црногорскиот лев бек Вуко Борозан (32), висок 203 сантиметри, добро познат ракометар кој има настапувано за повеќе екипи од во Европа, Блискиот исток и Македонија.

