Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Патувањa

Два грчки острова воведуваат туристичка такса: Ќе важи од 1 јули, а еве колку ќе се плаќа за влез

Шеталиште 30/06/2025 09:39
santorini-grcija-1

Таксите се воведуваат со цел да се растерети метежот на островите.

Од 1 јули, најпознатите грчки острови Санторини и Миконос ќе започнат да наплаќаат нова туристичка такса во износ од 20 евра по патник. Мерката ќе се применува во текот на најинтензивната туристичка сезона, а целта е да се ублажат последиците од масовниот туризам, кој веќе сериозно го оптоварува локалниот живот и инфраструктурата.

Иако годинава се очекува пораст на авионски пристигнувања за околу 7 проценти, најголемиот дел од туристите ќе се насочат кон Атина и Солун. Островите во Егејското Море, особено Санторини, Миконос и Парос, веќе го достигнуваат својот капацитет и повторно се отвора прашањето дали треба да се воведат ограничувања за изградба на нови сместувачки капацитети.

Според проценките, бројот на туристи на островите оваа година ќе остане на слично ниво како и во изминатите три години. Сепак, туристичкиот сектор предупредува дека понатамошниот развој е можно само ако се инвестира во инфраструктурата – снабдување со вода, канализација, уличен сообраќај, паркинг и општа патна мрежа.

„Санторини и Миконос се третираат како бисери на грчкиот туризам, но немаат никакви инфраструктурни вложувања. Без нови пристаништа и подобрени услови, не можеме да зборуваме за стратешки развој“, изјави Антонис Пагонис, претседател на Здружението на хотелиери на Санторини.

Хотелиерите бараат приходите од таканаречената „такса за отпорност“, која носи околу 500 милиони евра годишно во државната каса, да бидат пренасочени директно кон проекти за одржлив туризам. На последниот регионален конгрес на Панхеленската унија на хотелиери беше упатен апел до владата да обезбеди реална поддршка за најоптоварените дестинации, со цел да се зачува нивната автентичност и да се обезбеди квалитетно туристичко искуство.

Continue Reading

Претходно: Сè е подготвено – денес започнува Вимблдон
Следно: Дневен хороскоп (30.06.2025)

Поврзани вести

skijatos-leto-lider-travel-10-1024x536-1
  • Патувањa

Сардинија воведе строги правила за плажите: за крадење песок казна до 3.500 евра

Шеталиште 09/06/2026 11:58
20260323101630_big_730x400_73
  • Патувањa

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Шеталиште 23/03/2026 10:53
Santorini-domes-ss
  • Патувањa

Војната го менува туризмот: Се поголем интерес за патувања во Европа

Шеталиште 10/03/2026 08:24
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани