Два земјотреси со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во морската област меѓу грчките острови Крит и Касос во Средоземното Море, јави грчката агенција АНА-МПА.
Според податоците на Институтот за геодинамика во Грција, првиот земјотрес е регистриран во 10:18 часот западно-југозападно од островот Касос, а вториот во 10:24 часот во близина на истото место.
Двата земјотреси биле на длабочина од 6 километри и оддалеченост од еден километар.
Набргу потоа во истото подрачје е регистриран уште еден трет земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, посочува сајтот „Нафтемборики“.

