Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

Две децении Балкански етно-фјужн фестивал „Локум фест“ во Битола

Шеталиште 14/07/2026 12:07
lokum222

Од 16 до 18 јули, Битола ќе живее со звуците на уникатниот музички фестивал, спој на традиција, емоција, богатство на музички влијанија, обичаи, мултикултуралност, преку еден од ретките фестивали во регионов кој сеуште, успешно опстојува 20 години со истиот концепт како во своите почетоци, Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“. Дваесеттото јубилејно издание се отвора во Хераклеја Линкестис на 16 јули од 21 часот, со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група. Бидете дел од вечерта исполнета со најубавите грчки и балкански мелодии, музичко доживување во еден од најмагичните амбиенти на Балканот. Влезници на www.karti.com.mk и на билетарата на Хераклеја на денот на концерот.

Вториот и третиот ден се резервирани за автентичната атмосфера на Старата битолска чаршија. На 17 јули настапуваат „Скопје Виа“, новата музичка сензација на овие простори. Етно-акустичен состав со препознатлив џипси џез звук. Се работи за група која го спојува традиционалниот џипси џез со современиот урбан звук, создавајќи автентична музика што ја освојува публиката. Нивните видеа на социјалните мрежи имаат десетици илјади прегледи, а од бендот велат дека им е драго што интересот за нивните настапи расте.

Минатата година ја промовираа својата прва авторска песна ,,Под ова небо”. Оваа уникатна комбинира и театарска експресија и современ балкански звук. Членови на групата се: актерката Јана Стојановска – вокал, Мишел Трајковски – хармоника, Хилми Баки – виолина, Никола Петрушевски – кларинет, Влатко Пате– ударни инструменти, Кирил Златановски – контрабас, Ташко Грујоски – гитара и Васил Потиров – гитара.

На 18 јули повторно низ уличките каде некогаш одекнувале звуците на чалгијата и препознатливиот битолски дух, во Старата битолска Чаршија, настапуваат Били Естебан и Александар Јовевски, со етно проектот „Кафе де Анатолија“.

Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ е меѓународно позната. Ја основаа Зоран Илиев, познат како Били Естебан и неговите деца Моника и Никола во 2017, а концептот го имале од 2009. Името Били Естебан е асоцијација на потеклото од виничкото село Истибања.

„Кафе де Анатолија“ создава органик хаус музика со етно елементи, соработуваат со над 4000 диџеи и продуценти од целиот свет и нивниот каталог содржи над 6000 музички композиции. „Кафе де Анатолија“ е најнаградуваната издавачка куќа на Јутјуб со 31 Creator award.
Нивните живи настапи се повеќе од само изведба, тоа е прослава на традицијата, иновацијата и универзалниот јазик на музиката.

Следува Divanhana, еден од најреномираните contemporary sevdah состави од Босна и Херцеговина. Основан е во 2009 година во Сараево од студенти на Музичката академија при Универзитетот во Сараево, со идеја традиционалната босанска севдалинка да ја претстават во современо музичко руво, инспирирано од џезот, класичната и светската музика. Во 2023 година, британското списание Songlines го прогласи Divanhana за „Best Group“ на Songlines Music Awards, што претставува едно од најголемите меѓународни признанија за традиционалната музика од Босна и Херцеговина.

Со својата врвна музичка изведба, емотивен вокал и препознатлив сценски израз, Divanhana денес е еден од најважните амбасадори на босанското музичко наследство на светската сцена.
Оваа вечер ќе ја заокружи лајв сетот со DJ Били Естебан.

„Локум фест“ е фестивал што започна пред 20 години во Старата битолска чаршија. Самото име е изведено од конзулската традиција со локум и кафе да се пречекаат соседот, патникот, добронамерникот и е синоним за отвореност, мултикултурност, средба меѓу културите. Всушност, една од главните цели на фестивалот е преку различните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, „fusion“, „world music“) да се покажат целиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола како атрактивен културно-туристички мотив.

„Локум фест“ зад себе има преку 110 реализирани концерти со домашни и странски учесници, од преку дваесет земји, а се одржува на културно-историски локации промовирајќи ги истите како сцена. Инспирацијата доаѓа од живото културно наследство на некогашна конзулска Битола, која била важен воено-економски центар и цивилизациска крстосница, дом на бројни етноси и амалгам на култури, каде се вкрстувале византиската, ориенталната , сефардската и европската култура. Сето тоа резултираше со неверојатно богатство на музички влијанија, обичаи, архитектура и др. „Локум фест“ е фестивал кој повикува на средба, помеѓу културите и еден дух. Истовремено е атрактивен за туристи од земјата и странство и веќе со години промовира културен туризам као дел од локалната и национална туристичка понуда. „Локум фест“ е член на Most music, Without borders, EFFA, и други регионални и европски фестивалски асоцијации.
Фестивалот е една од ретките манифестации која доследно се држи до јавниот карактер и е не се приклонува кон естрадизација на културата. Се одржува на јавни простори и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на „Бит фест 2026“  пренесува умно.мк

Continue Reading

Претходно: Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект
Следно: Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Поврзани вести

2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Ideale
  • Култура
  • Настани

Концерт „Ideale“ на 15 август во Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 07/08/2026 08:02
plakat_carsija_bitola
  • Култура
  • Настани

Кога чаршијата пее… Битола добива свој фестивал на чалгијата

Шеталиште 07/08/2026 07:51
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови ispit-matura-702x336-1 1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

11/08/2026 12:08
Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 2
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 3
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 5
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36

Можеби сте пропуштиле

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани