Во вчерашната сообраќајка која се случи на регионалниот пат Битола – Ресен, во која на лице место загина 52-годишен битолчанец, подоцна во болница на повредите им подлегнало и 20-годишно момче од Охрид.
Во сообраќајката учествуваме две моторни возила – „Мерцедес“ со странски регистарски ознаки управувано од загинатиот битолчанец кој живеел во Германија, и „Опел“ со охридски регистарски таблички во кое освен починатиот 20-годишник, имало и друго лице на иста возраст од Охрид.

