Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Театар

Две награди за „Црно семе“ на Битолскиот театар на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Шеталиште 14/06/2025 11:04
nagradi - site

Со врачувањето на наградите вo големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа заврши 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Аплаузи, воздишки, силни пораки за изградба на нов театар и реновирање на зградата на постоечкиот што е затворен, но и за одличната организација на
фестивалот чиј квалитет кој од година в година расте.

„Прилеп е град театар, Прилеп е местото на фестивалот, Прилеп е фестивалот. Прилеп треба да има театар, тоа повеќе не е ниту прашање ниту тврдење, туку насушна потреба“, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот и селектор на програмата на затворањето на фестивалот.

Поголемиот дел од лауреатите пристигнаа синоќа во Прилеп за лично да ги подигнат своите награди.

Меѓународното жири, составено од Лилија Абаџиева, претседател, Иван Меденица и Нела Оташевиќ ги одбра наградите. Абаџиеца и Меденица ги
читаа наградите на македонски јазик.

На годинешниот фестивал, НУ Народен театар Битола со претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски во режија на
Андреј Цветановски е добитник на две награди и тоа:

Награда за современа сценска драматизација и адаптација која
беше доделена на Јелена Цветановска и

Награда за главна машка улога која беше доделена на Мартин Мирчевски за улогата на
„Доне Совичанов“.

„Се гордеам што претставата посветена на македонската кауза

“Црно семе” освои две значајни награди на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински”.

Честитам на сите колеги кои добија награда на фестивалот и посакувам уште
многу успеси.

Време е македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” повторно да биде македонски со големо “М”. Продолжуваме посветено да работиме на промоција на македонската драматургија, со македонски уметници овие награди се само поттик да продолжиме по зацртаниот пат.

Благодарност до целата екипа на претставата “Црно семе” и
целиот колектив на Битолскиот народен театар кои со својата посветеност кон претставата придонесоа да создадеме спектакал кој не се заборава“, изјави директорот на Битолски театар, Васко
Мавровски.

Покрај нив битолскиот сценограф Валентин Светозарев, ја доби наградата за најдобра сценографија за претставата „Рацин“ во изведба на НУ НТ „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, Велес.
„Мојата професија е архитект. Може никогаш не направив куќа
со високи шимшир порти, ама по некоја сценографија направив“.

Во чест на наградите, Театар Комедија ја изведе претставата „Вистината 2“ во режија на Владимир Јурц. Покровители на 59. издание на фестивалот се Министерството за култура и туризам и
Општина Прилеп.

 

Continue Reading

Претходно: И Франција планира забрана за социјалните мрежи за децата
Следно: Колач со боровинки и крем-сирење што ќе го обожавате: Ова е идеалниот летен десерт

Поврзани вести

IMG_5569
  • Култура
  • Театар

Битолски театар и Бабец театарот ја воодушевија публиката во Шведска

Шеталиште 15/12/2025 09:11
prilepski-teatar
  • Култура
  • Театар

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

Шеталиште 29/10/2025 13:57
IMG_4847
  • Култура
  • Театар

Воодушевена публиката по изведбата на претставата на битолскиот театар „На отворено море“ во Полска

Шеталиште 05/10/2025 11:47
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани