Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Декларација на вредност: Некои изложби се отвораат како прозорец. Прозорец низ кој гледаш млад уметник како веќе стои на балконот на своето творечко јас

Шеталиште 09/08/2025 12:12
konstantin-solak

Во време на инфлација на естетика и дефицит на контекст, првата самостојна изложба на Константин Солак „Декларација на вредност“, покажа исклучителна свест дека секоја вистинска уметност почнува од сомнежот, а не од сигурноста.

Пишува: Љубица Ангелкова за www.nulta.mk 

Ако некој не прашал деновиве што вреди, нека не се секира. Праша Константин Солак. Со изложба. И тоа не преку статус, туку преку платно, фотографија и едно многу прецизно „ќе кажам со боја“ чувство.

На 5 август, во КЦ Магаза во Битола, каде што некогаш складирале памук, а сега складираме понекогаш уметничка надеж, се отвори првата самостојна изложба на Константин. „Декларација на вредност“ не е само наслов што звучи филозофски. Тоа е став на момче што прашува пред да биде сигурно. Некои изложби се отвораат како прозорец. Прозорец низ кој гледаш млад уметник како веќе стои на балконот на своето творечко јас. Прва официјална изјава на едно авторство што не е тукушто почнато, туку зрело. И вчудовидувачки свесно.

КОЈ Е КОНСТАНТИН СОЛАК?

Можеби ќе кажете: син на познати уметници. Но дозволете ми да бидам попрецизна.

Константин Солак е син на Буба М. Солак – македонска уметница со изложби низ светот и на Димитар Солаковски – академски сликар и творечки тивок столб на оваа приказна. И двајцата со бројни признанија во уметничката кариера. И токму затоа ова не е само млад уметник со добар генетски почеток. Ова е уметник кој од пелени расте меѓу концепти, платна и вредносни системи во кои не е важно колку лајкови имаш, туку колку прашања си поставил. Константин годинава матурираше како првенец на генерацијата во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, што не е само факт, туку маркер.

Затоа ќе кажам, ова дете не доаѓа од празно. Расте меѓу музика, книги, отворени врати и отворени прашања. Син е на Буба и Диме, луѓе што не само што му дале бои, туку и простор да не им ги врати.

Од ѕид до ѕид….и еден чекор подалеку

ОД SИД ДО SИД…И ЕДЕН ЧЕКОР ПОДАЛЕКУ

Го знам Константин уште од времето кога црташе по ѕидови со фломастери. Сега, црта по нас. Не директно, туку преку слики што не се „бомбониери„ платна „убави„ за над софата или трпезаријата. Делата се масло и акрил на платно, и циклус фотографии. Но ова не е симпатична школска изложба на млад талент. Ова е свесен чин на поставување прашање:

Што значи да се слика во 2025 година?

Која е улогата на ликовниот уметник во свет полн со пиксели, филтри и инфлација на естетика? Тука не гледаме само композиции, туку истражувања, меѓу светлината и сенката, меѓу фотографската референца и сликарската слобода. Понекогаш, како да зборува со Дега или Бејкон, понекогаш, како да им се лути на алгоритмите. Но секогаш – Константин.

Screenshot 2025-08-09 at 14.08.57
IMG_0376-scaled
Screenshot 2025-08-09 at 14.08.27
Screenshot 2025-08-09 at 14.09.31
Screenshot 2025-08-09 at 14.09.18
Screenshot 2025-08-09 at 14.09.06

ГОВОРОТ ШТО НЕ СЕ ЗАБОРАВА

На отворањето во КЦ Магаза, публиката имаше ретка можност да слушне промислена и продлабочена рефлексија од Иванчо Талевски — академски сликар, куратор и ликовен теоретичар, со интернационална биографија која ја поврзува Македонија со САД. Талевски е професор на University of Pennsylvania и Tyler School of Art and Architecture при Temple University, каде предава сликарство и визуелни студии. Неговото обраќање беше далеку од формалност. Беше филозофска, интелигентна, речиси брутално искрена анализа на контекстот, оној што го немаме.

„Ако нешто фали во современиот македонски културен контекст, тоа е самиот контекст“, рече Талевски.

И беше во право.

„Ние сме општество без контекст. И затоа секоја генерација почнува од нула. А со тоа, сме влезени во вртелешка на вечно првпат.“

Screenshot 2025-08-09 at 14.11.04
Screenshot 2025-08-09 at 14.10.57

И таму некаде, во тој момент, изложбата доби глас. Во општество каде секоја генерација почнува „од нула“, оваа изложба не е нов почеток, туку обид за континуитет. За поврзување. За разговор низ слика. Не знам дали ќе го следите Константин на Instagram. Но знам дека ќе го паметите по нешто друго. Во време кога вредноста има инфлација поголема од нашите нерви, оваа изложба нè потсетува дека имагинацијата е и понатаму најскапото нешто што не се продава.

Фотографи: Дражан Брачиќ и Диоген Хаџи Коста Милевски

Константин Солак

„Декларација на вредност“

5 август 2025, КЦ Магаза – Битола

Прва самостојна изложба

Официјален настан од програмата на БИТФЕСТ

Превземено од: www.nulta.mk 

Continue Reading

Претходно: Битолскиот театар ќе игра претстава на отворено на 2.218 метри надморска височина на Пелистер
Следно: Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври

Поврзани вести

IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
tkajaci-na-film
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 12/08/2026 07:43
default
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Караванот „Силно светнал ден“ создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 12/08/2026 07:34
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани