Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска ги славиме овие светители

admin 29/12/2023 00:00
crkva-1-1

Светиот пророк Агеј

Роден е во Вавилон, за време на робувањето на Израилот, од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Јерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, што го почна Зоровавел. Се упокои на старост.

Светата царица Теофанија

Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Задоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор. Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на светиот пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го сметаше своето царско достоинство за нешто битно. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостина, обновувајќи многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога, во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Педесетница.

Маченик Марин Римски (III)

Преподобна Софија (Соломонија), монахиња, супруга на великиот кнез Василиј III (XV)

Свети Мемнон, архиепископ Ефески

Свети Николај Хрисоверг, патријарх Константинополски (X)

Управуваше со Црквата од 980 до 995 година. Тој го ракоположи за свештеник големиот Симеон Нов Богослов кога овој духовен великан беше избран за настојател на манастирот на Светиот маченик Мамант во Цариград. Во неговото време во Кареја се случи чудесното јавување на светиот Архангел Гавриил, кога на монасите им беше предадено славословието кон Пресвета Богородица со песната „Достојно ест“. Оваа песна Архангелот ја запиша со прст на камена плоча во една келија на црквата која оттогаш се нарекува Достојно (под 13 јуни). Овој значаен и голем јерарх мирно се упокои и премина во Небесното Царство.

Свети Модест, архиепископ Јерусалимски

Continue Reading

Претходно: Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто
Следно: “За Нас” – музичко првенче на Ања Мицевска

Поврзани вести

sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

Шеталиште 17/04/2026 07:22
soncevoo
  • Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Шеталиште 17/04/2026 06:14
aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп policija-8 1
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

17/04/2026 09:38
Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак 3policija-420x240-138854-1 2
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

17/04/2026 09:35
Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години 360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683 3
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

17/04/2026 07:27
Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044 4
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

17/04/2026 07:22
Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран nafta-1 5
  • Свет

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

17/04/2026 07:20

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

Шеталиште 17/04/2026 09:38
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

Шеталиште 17/04/2026 09:35
360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

Шеталиште 17/04/2026 07:27
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.04.2026)

Шеталиште 17/04/2026 07:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани