Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Велики понеделник

admin 14/04/2025 00:00
velika-sednica

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението.

Оваа седмица се нарекува и Велика седмица, поради големината на настаните што се случиле во неа. Свети Јован Златоуст вели: „Во таа седмица е пресудена древната тиранија на ѓаволот, победена е смртта, врзан е силниот (ѓаволот) и уништено неговото оружје, искупен е гревот, симната е клетвата и рајот е отворен. Тогаш небото престанало да биде недостапно. Луѓето се зближиле со ангелите. Оттргната е преградата што ги разделувала луѓето од Бога. Границите се избришани. Бог на мирот ги измирил небесното и земното“.

Според сведочењето на светите отци (особено свети Јован Златоуст, IV век), христијаните во првите векови ги зголемувале своите молитви и постот во текот на Страдалната седмица. Во овие денови го подражавале Господа Исуса Христа, особено во љубовта кон човекот.

Така, во Страдалната седмица тие се обидувале да бидат подобри, пострпливи, повоздржливи и посправедливи кон своите ближни, правејќи дела на љубовта и милосрдието. Во тие дни се сметало за недолично да се оди на суд и да се обвинува или да се осудува, па затоа, во текот на Страдалната седмица луѓето ги прекинувале сите тужби, сите судски парници, обвиненија, спорови и казни. Во овој празничен период се практикувало дури и да ослободат некого од вратите на затворот, којшто не бил голем престапник.

Деновите на Страдалната седмица Господ Исус Христос ги поминал во Ерусалим и во храмот. Таму секој ден го поучувал народот. Затоа, според Неговиот пример, и православните христијани овие денови ги минуваат во храмовите. Тие се таму и наутро и навечер, и по цел ден, молитвено размислувајќи за евангелската историја на Богочовекот и Спасителот наш Господ Исус Христос и за Неговото служење на човечкиот род.

Во текот на Страдалната седмица ни се претставува централната библиска содржина. Гледаме дека целата Библија е христоцентрична. Нејзината главна личност е Господ Исус Христос, а главно дејство: спасението на човечкиот род.

Во текот на Страдалната седмица ни се претставува централната библиска содржина. Гледаме дека целата Библија е христоцентрична. Нејзината главна личност е Господ Исус Христос, а главно дејство: спасението на човечкиот род.

Во овие дни, зближени се настаните од Стариот и од Новиот завет. Сè што е пророкувано и претскажано во Стариот завет и сè што е забележено во Новиот завет ни е на очиглед во настаните од Страдалната седмица. Сè е збрано во она што се случило во последните денови и часови од земниот живот на Господа Исуса Христа. Тоа сето го сконцентирала светата Црква и го претставува во една преубава и величествена форма, низ прекрасните богослужби во оваа седмица.

Богослуженијата се обилно збогатени и украсени со мудро избрани текстови од Библијата. Овие денови на богослужбите се читаат содржини од пророчките книги, од Евангелието и од Апостолот. Сето тоа е велелепно проследено со длабоки, содржајни молитви и песнопенија. Тие се и слаткопејни и оплакувачки, и покајни и животорадосни, страдални и воскресенски.

Преубави и вдахновени се црковните песни што се пеат на богослужбите во Страстната седмица. Тие ги галат нашите души. Ги издигаат до небесните убавини и до рајските радости. Тоа се доживува само тогаш – во овие дни. Затоа верниците ги посетуваат богослужбите, особено попладневните богослуженија на Велики Четврток и Велики Петок, а задолжително за секој христијанин е пречекот на Велигден, во саботата ноќта.

Посебно се забележливи и длабоко содржајни побожните, црковно – народни обичаи и обреди во овие денови. Тие се изразито присутни и в црква, започнувајќи од Велики Четврток, од првото вапцување велигденски јајца.

Преку богослужбите, обредите и обичаите, во душите на верниците, се пренесуваат настаните кои се случиле во последните денови од земниот живот на Христа Спасителот. Со љубов и со побожност се следи секој евангелски збор и, чекор по чекор, преку верата и духовното расположение, сè нè внесува во спасоносните настани.

Во овие денови верниците стануваат сопатници Христови. Во тие дни ние одиме по стапките Господови и по Неговиот пат до Крстот – патуваме од Витанија до Черепница (Голгота), од Неговото царско влегување во Ерусалим – до Неговите искупителни страдања на Крстот, а потоа и до светлото торжество на Воскресението.

Оваа седмица се особено долги богослуженијата и голема е нивната важност, како и на настаните од тие дни. Тие ни ги насочуваат нашето внимание и нашите мисли кон сите евангелски глетки од пожртвованоста Христова за човечкиот род.

Во текот на целата Страстна седмица, освен на Литургијата на Велики Четврток и Сабота, свештениците се облечени во црни одежди.

Оваа седмица не се прават панихиди, помени и акатисти, заради посветеноста на целото внимание и молитва кон големите настани. Во овие денови на Страдалната седмица, на трпезата, за храна се употребуваат само суви јадења. „И со тоа да бидеме задоволни“, вели правилото од Посниот триод. Тоа е утврдено и на Шестиот Вселенски собор. Постот трае сè до полноќта на Велика Сабота, односно до завршувањето на велигденската света Литургија.

+ + +

Следете нè! Секој ден од оваа Велика седмица ќе има по еден текст посветен на денот, бидејќи секој ден е особено значаен и единствен.

+ + +

Душеполезно е читањето на поучни текстови за овие празници. Тие се полни со библиски содржини и со нивно разјаснување и толкување. Тоа нè пренесува во Евангелието и нè води во дружба со Господа. Тогаш, не мислиме на ништо друго, туку ги созерцаваме Христовите страданија и Неговата богоспасителна дејност за нас. Ние сме со Бога и Бог е со нас. Таквото читање е богослужение. Тоа е еднакво на богослужение – тоа е нашето лично богослужение. Тоа ќе нè одведе и на богослужението в црква.

Continue Reading

Претходно: Огласот за финансиска поддршка за електричната енергија за ранливи потрошувачи истекува за 5 дена
Следно: Што значи царинското лудило за цените на Тему и Шеин? „Сите се подготвуваат за напад“

Поврзани вести

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
klekovski-aliu-696x463
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Шеталиште 14/07/2026 10:25
Elektricen-trotinet
  • Македонија

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

Шеталиште 14/07/2026 10:06
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг 4567 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

14/07/2026 20:10
Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 2
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 3
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 4
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 5
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08

Можеби сте пропуштиле

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани