Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

cropped-1050-x-170.gif
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Вести
  • Свет

Денеска е петок 13. – Дали навистина е несреќен датум?

admin декември 13, 2024
petok_13

Денеска е петок 13ти. Стравот од оваа дата сеуште е актуелен. Суеверните луѓе на овој ден дури и одбиваат да излезат од дома, некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.

Еве неколку од интересните приказни во историјата кои се случиле токму на петок 13ти:

1. Се смета дека Ева му го понудила јаболкото на Адам во петок, и дека смртта на Абел била токму во петок.

2. На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.

3. Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.

4. Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.

5. Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.

6. Петок заедно со бројот 13 биле свети за норвешката богиња Фреја. Христијаните кои имале за цел да го забранат нејзиниот култ, верувале дека овој ден претставува несреќа.

7. Темпларите биле уапсени во Петок, 13ти Октомври, 1307та година. Дека ова претставува потекло за суеверието во петок 13ти се зборуваше и во познатото дело Кодот на Да Винчи.

8. Уругвајскиот рагби тим се срушил на планинаскиот венец на Андите на петок 13ти – октомври, 1972.

9. 13ти јануари, 2006, 13ти октомври, 2006 и 13ти Мај, 2011та година не само што се петоци, туку и бројките од денот, месецот и годината даваат збир од 13.

И можеби најзастрашувачката приказна која допрва ќе ја дочекаме и која ќе се раскажува:

– Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе се приближи на земјата во петок, 13ти Април, 2029та година.

Останати факти:

Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат.

Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок.

Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13.

Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13.

На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време.

Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.

Continue Reading

Претходно: „Бурата“ на Димитар Андоновски доби видео запис
Следно: Повторно се тресе тлото: Три земјотреси регистрирани во текот на ноќта

Поврзани вести

IMG_1763
  • Вести
  • Битола инфо

ВМРО-ДПМНЕ Битола: ОЈО има отворени постапки за РЕК Битола поради криминални и местени тендери од СДС

Шеталиште јуни 21, 2025
506475158_1319390339542889_1249410624308225524_n
  • Вести
  • Македонија

Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава

Шеталиште јуни 21, 2025
IMG_1758
  • Вести
  • Битола инфо

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ

Шеталиште јуни 21, 2025
300_X_250
Поени-за-добредојде-300х250
Веб Банер Голд Слот
300 x 250

Тренд Вести

ВМРО-ДПМНЕ Битола: ОЈО има отворени постапки за РЕК Битола поради криминални и местени тендери од СДС IMG_1763 1
  • Вести
  • Битола инфо

ВМРО-ДПМНЕ Битола: ОЈО има отворени постапки за РЕК Битола поради криминални и местени тендери од СДС

јуни 21, 2025
Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава 506475158_1319390339542889_1249410624308225524_n 2
  • Вести
  • Македонија

Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава

јуни 21, 2025
СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ IMG_1758 3
  • Вести
  • Битола инфо

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ

јуни 21, 2025
Просечната нето плата во април 45.452 денари 1-denari-pari-1 4
  • Вести
  • Економија

Просечната нето плата во април 45.452 денари

јуни 21, 2025
Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни Palco 5
  • Вести
  • Македонија

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

јуни 21, 2025

Можеби сте пропуштиле

IMG_1763
  • Вести
  • Битола инфо

ВМРО-ДПМНЕ Битола: ОЈО има отворени постапки за РЕК Битола поради криминални и местени тендери од СДС

Шеталиште јуни 21, 2025
506475158_1319390339542889_1249410624308225524_n
  • Вести
  • Македонија

Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава

Шеталиште јуни 21, 2025
IMG_1758
  • Вести
  • Битола инфо

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ

Шеталиште јуни 21, 2025
1-denari-pari-1
  • Вести
  • Економија

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Шеталиште јуни 21, 2025
2025 © Сите права се задржани