Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Теофилакт, епископ Никомидиски

admin 21/03/2025 00:00
Svekji-Crkva-2_1000x666-1

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 март.

Денеска е Свети Теофилакт, епископ Никомидиски

Кога првиот царски советник Тарасиј од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт. Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смртта на Св. Тарасиј патријаршискиот престол во Цариград го зазеде некој Никифор, а малку подоцна Лав Ерменин седна на царскиот престол. Овој цар беше иконоборец и како таков покрена цела бура во Црквата Христова. Иако иконоборната ерес беше проколната на Седмиот Вселенски Собор, овој цар сепак ја воспостави и сакаше со неа да го замени Православието. Св. Теофилакт в лице му се спротивстави на царот, па кога царот не попушти, Теофилакт му рече: „На тебе цару ненадејно ќе дојде лута погибел и од неа не ќе можеш да се избавиш ниту да побегнеш“. За овие зборови Св. Теофилакт беше тргнат од епископската столица и испратен во ропство, каде помина триесет години трпејќи многу маки и понижувања и најпосле Му ја предаде својата света душа на Господ околу 845 година.

Тропар

Блажен си ти, Теофилакте епископе, на кого Христос срцето со милост го преисполни, служејќи им на болните, хромите, слепите и немоќните, духовни начела во нивниот живот постави, заштитнику на православните икони, мачениче без крв, кој мноштво венци здоби, моли се за оние кои го чествуваат твојот свет спомен.

Светиот свештеномаченик Теодорит

Царот Константин во Антиохија изгради соборна црква со особена убавина. Народот ја нарече Златна црква, заради позлатата однатре и однадвор и многубројните садови во црквата од злато и сребро. Царот ? подари на оваа црква голем имот за издржување на свештениците, чиј број во неа беше голем. Чувар на оние садови и на сите драгоцености во црквата беше Теодорит, свештеник со голема вера и ретко благочестие. Тогаш почна да царува Јулијан Отстапник, кој иако беше крстен се одрече од Христа и подигна гонење на христијаните. Неговиот чичко, којшто и самиот се викаше Јулијан, дојде во Антиохија и ја ограби Златната црква, а Теодорит како ризничар го зеде и го изведе на суд, и го советуваше да се одрече од Христа. Теодорит не само што не сакаше да се одрече од својот Господ туку го изобличи и царот Јулијан за отпадништвото од верата, како оној којшто повторно се вратил на идолопоклонскиот блуеж. Кога злиот судија од дрскост отиде и мокреше во Златната црква, Теодорит му прорече ужасна смрт, којашто наскоро и го снајде. Светителот беше убиен со секира, а судијата Јулијан од мигот кога мокреше во црквата во долниот дел од телото го спопаднаа страшни болки. И тој дел од телото му го разјадоа црви, па ја изблуи својата отпадничка душа во најгрозни маки. Така и неговиот помошник Феликс, според пророштвото на Свети Теодорит, умре набрзо по убиството на праведникот, со крварење на устата. Свети Теодорит го обезглавија и се пресели во Христовото Царство во 362 година.

Тропар

Ризницата на благодатта Христова и сад пророчки за непокајаните постана, ти Теодорите, слуго на Вишниот, молитвите твои правдата Господова во милост ја преточија за оние кои го празнуваат твојот свет спомен, и Бога Го прославуваат во вечни векови.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Серапион Тхмуиски.

Од 340 до 356 година бил бискуп во Тхмуис. Заедно со свети Анастазиј бил поборник на Ничејското верување, т.е. борец за вистината за Хростовото божество против Ариевските кривоверства. Името на Серапион Тхмуиски е поврзано со истражувањата за историјата на литургијата.

Continue Reading

Претходно: Таравари: Најтешки пациенти беа првите кои се испратени во Белград, Софија и Солун
Следно: В понеделник се враќаат првите пациенти кои се лекуваат во странство

Поврзани вести

Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“

Васка М.Младеновска 17/11/2026 07:51
gorigeic
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

Димитар Петковски 16/11/2026 16:49
Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе

Васка М.Младеновска 16/11/2026 13:39
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“ Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“ 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“

17/11/2026 07:51
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото) gorigeic 2
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

16/11/2026 16:49
Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција 20261116151138_big_730x400_7 3
  • Прилеп инфо

Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција

16/11/2026 16:32
Од полноќ ново намалување на цените на горивата nis_piu_motorno_gorivo1-1 4
  • Економија

Од полноќ ново намалување на цените на горивата

16/11/2026 14:05
По повеќечасовна потрага пронајден е планинар кој се изгубил во Мариово 645541603_27079863801613746_784269200017772072_n-1170x878 5
  • Прилеп инфо

По повеќечасовна потрага пронајден е планинар кој се изгубил во Мариово

16/11/2026 14:01

Можеби сте пропуштиле

Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“

Васка М.Младеновска 17/11/2026 07:51
gorigeic
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

Димитар Петковски 16/11/2026 16:49
20261116151138_big_730x400_7
  • Прилеп инфо

Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција

Шеталиште 16/11/2026 16:32
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Од полноќ ново намалување на цените на горивата

Шеталиште 16/11/2026 14:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани