Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска е светскиот ден на пчелата

admin 20/05/2025 00:00
image-229279

Денес, пчелите опрашуваат над 80 проценти од земјоделските култури и имаат влијание врз производството на приближно една третина од храната на целата планета.

Освен тоа, без пчели не само што ќе отсуствува опрашување на културите од кои зависи исхраната на луѓето, туку и на дивите, некултивирани растенија, кои придонесуваат за одржување на биодиверзитетот и синџирот на исхрана во природата. Дивите, некултивирани растенија кои растат во природата придонесуваат за зачувување на екосистемот и синџирот на исхрана, а исто така се опрашуваат од пчели.

Намалениот интерес на пчеларите за чување и одгледување пчели, автоматски ќе значи помалку пчели, послабо опрашување и помалку храна за целата планета. Ова се само некои од најновите сознанија на глобално ниво во пресрет на овогодишниот Светски ден на пчелата, 20 Мај, чие мото е “Пчелите инспирирани од природата да нè хранат сите”.

Според експертите, пчелите и останатите опрашувачи се неопходни за човековото постоење. Благодарение на над 20 000 видови пчели и разни други диви опрашувачи, се опрашуваат растенија кои ја сочинуваат основата на човековата исхрана. Опрашувачите сериозно ја потпомагаат одржливоста на земјоделството и биодиверзитетот.

Меѓутоа, губењето на живеалиштата, неодржливите земјоделски практики, климатските промени и загадувањето го загрозуваат здравјето и опстанокот на различните видови опрашувачи. “Загадувањето на животната средина е еден од факторите кои негативно влијаат на пчелите, но не само во однос на нивното труење. Со зголемување на нивото на јаглерод диоксид во воздухот, се намалува нивото на протеини во поленот. Во делови од светот каде загадувањето е максимално и каде јаглерод диоксидот е во огромни количини во воздухот, има помалку протеини, иако има изобилство полен. Ова не е доволно за квалитетно хранење на пчелите”.

Експертите наведуваат дека пчелата стана главен опрашувач, бидејќи луѓето користејќи пестициди во земјоделството ги уништија сите диви опрашувачи кои ги опрашувале растенијата заедно со пчелите. Тие додаваат дека повеќе од 200 000 животински видови се опрашувачи, од кои огромното мнозинство се диви, вклучувајќи пеперутки, птици, лилјаци и повеќе од 20 000 видови пчели.

Македонија и годинава се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден со посебен настан што го организираат хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, Амбасадата на Република Словенија и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) заедно со децата од градинките на општина Гази Баба и студентите од ФЗНХ. Предвидена е богата програма за сите генерации, но и отворање на првиот Парк на пчелата.

“Прославата на Светскиот ден ќе фрли светлина врз виталните улоги на пчелите и другите опрашувачи во обновата на екосистемите, зачувувањето на биолошката разновидност и безбедноста на храната и исхраната. Ова е можност да ги засилиме нашите напори за заштита на пчелите и другите опрашувачи. Со тоа можеме да ги ублажиме ризиците од недостаток на храна, неодржлив земјоделски сектор и нарушен биодиверзитет”, информираат организаторите.

По повод Светскиот ден на пчелата, Амбасадата на Словенија во соработка со АДРА Македонија објави и тематски квиз наменет за учениците од основните училишта, а најдобрите познавачи на пчелите ќе бидат наградени токму на овој настан. Иницијативи за заштита на опрашувачите се спроведуваат низ целиот свет, преку воведување иновативни земјоделски политики, едукативни кампањи, иницијативи за пошумување со медоносни растенија, натпревари за најдобри фотографии, итн. Тој тренд го следи и земјава.

Continue Reading

Претходно: Аспирин „Волшебната“ пилула, која ја ублажува болката
Следно: Променливо време со температури до 28°C

Поврзани вести

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
98765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

Димитар Петковски 18/07/2026 06:18
IMG_5301
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

Шеталиште 18/07/2026 05:15
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике 2345644 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

18/07/2026 18:36
Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп FB_IMG_1784358162995 2
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

18/07/2026 07:07
Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија 98765 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

18/07/2026 06:18
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење IMG_5301 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

18/07/2026 05:15
Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска 34567 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска

17/07/2026 12:15

Можеби сте пропуштиле

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
Naslovna18072026
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:37
DSC_2567
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:04
FB_IMG_1784358162995
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

Шеталиште 18/07/2026 07:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани