Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Св. апостоли Вартоломеј и Варнава

admin 24/06/2024 00:00
crkva-pixa21

Во животот на нашиот човек посебно значајно место има празникот Вартоломеј, кај народот познат како Вртолум. Во народот се смета дека овој ден е поврзан со вртењето на сонцето. Имено се верувало дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Свети апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте славни Христови апостоли. Поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу но се спасил затоа што во тоа време се случил голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, судиите заедно со многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за божја казна кон оние што го клеветеле и суделе. Потоа Евангелието го проповедал во Индија, каде и го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Ерменија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата.

Варнава (Јосиф) од Кипар е еден од седумдесетте апостоли. Името му било Јосиф, а Варнава е наречен зошто тоа значело Син на Утеха, а тој оставал впечаток на околината по тоа што ги тешел луѓето. Христијанската вера ја ширел и Евангелието го проповедал заедно со апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое за време на животот го препишал на рака.

Во охридско како што запишал Е. Спространов, Свети Вартоломеј бил познат како Вртолом, и од тој ден сонцето се вртело кон зима и за тоа многу жалело. Го вртеле дванаесетте апостоли, и тие исто така, многу жалеле зошто се завртувало кон зима.

Во Радовиш овој ден се сметал за тежок празник зошто од тој ден сонцето се завртува кон „зимо“. Во овој крај луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, ќе се затемни и ќе се заврти. Се завртувало еднаш на едната потоа на другата страна. Овде на овој ден и овчарите го одредувале какво ќе биде времето. Го посматрале времето 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. Поискусните овчари знаеле да ги бележат не само сонцето туку и ветерот од каде дува и со која силина, колку на небото има облаци и со која боја се и каде се движат, дали сонцето пече силно или послабо и по овие знаци погодувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.

Continue Reading

Претходно: Сашо Башески победи со најголем број на СМС гласови во „Никогаш не е доцна“: „Чувството е феноменално, ова не го очекував ниту во соништата“
Следно: Дневен хороскоп (24.06.2024)

Поврзани вести

venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Шеталиште 16/03/2026 17:32
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Русија се враќа на Венера venera-planeta 1
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

16/03/2026 17:36
АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга AEK 2
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

16/03/2026 17:33
СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените sdsm 3
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

16/03/2026 17:32
Од утре дожд и пониски температури dozd 4
  • Вести
  • Македонија

Од утре дожд и пониски температури

16/03/2026 17:30
Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настпат на баражот за Светскиот шампионат sedloski-press-001-1536x1044 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настпат на баражот за Светскиот шампионат

16/03/2026 13:16

Можеби сте пропуштиле

venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
chat-gpt-pexels-1068x712
  • Живот
  • Технологија

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Шеталиште 16/03/2026 17:35
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Шеталиште 16/03/2026 17:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани