Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска е Св.Кирик и Јулита: Се верува дека секоја мајка треба да го направи ОВА

Шеталиште 28/07/2026 07:24
20220728100956

Православните верници денеска го слават Кириловдан – празникот на Светите маченици Кирик и Јулита, синот и мајката кои загинаа во големите прогони на христијаните за време на царот Диоклецијан. Станува збор за ранохристијански маченици, чие почитување е поврзано со голем број народни обичаи и верувања.

Според легендата, Света Јулита била од благородничко потекло, но рано останала вдовица, сама со новородениот син Кирик. Бидејќи и самата била христијанка, веднаш го крстила детето и уште од мали нозе го научила на вера.

Кога императорот Диоклецијан наредил прогон на христијаните, Јулита и Кирик биле фатени и изведени пред судија. Бидејќи мајката не сакала да се откаже од својата вера, судијата, вели приказната, го зел детето и почнал да го гали. Но Кирик викал: „Јас сум христијанин, пуштете ја мајка ми!“ и почнал да го гребе судијата со раце и побегнал. Судијата се налутил и го треснаl Кирик на земја, а детето се тркалaло по скалите и починало. По многу маки, и Јулита била убиена во 304 година.

Дел од моштите на светите маченици Кирик и Јулита се наоѓаат во Охрид во црквата Света Богородица. Манастирот Свети Кирик и Јулита, во народот познат како манастир Свети Кирик, бил посветен на светите маченици Кирик и Јулита. Се наоѓа во близина на селото Смиловци кај Димитровград во Нишката епархија. Во 1984-та година, манастирот е прогласен за недвижно културно богатство како споменик на културата на Република Србија.

Цели села и семејства во Србија денеска го слават Свети Кирик и неговата мајка Јулита. Се верува дека Свети Кирик/Ќирил штити од кожни болести, па на овој ден секој што има здравствени проблеми со кожата се капе во извори и реки.

Слично, постои приказна дека овој светител има моќ над сончевите зраци и лекува. Во некои рурални средини во Србија сè уште постои обичај да се вадат страшилата од полињата, бидејќи тие денес не се потребни. Се верува дека Свети Кирик штити од птици грабливки.

Бидејќи ова е, пред сè, е празник на љубовта меѓу мајката и детето, жените на овој ден треба да избегнуваат карање и викање на своите деца, бидејќи се верува дека во спротивно ќе бидат болни повеќе од една година. Ова древно „правило“ го следи и останатиот дел од домаќинството, па денеска е празник на кој најмалите особено со нетрпение го очекуваат, бидејќи секоја желба ќе им се исполни.

Затоа, драги мајки, поминете го овој ден со вашите малечки. Прошетајте со нив, играјте со нив и сакајте ги – сите ќе бидете посреќни!

 

 

 

 

 

 

 

денови.мк

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (28.07.2026)
Следно: Мицкоски: Нафтата на светските берзи паѓа, очекуваме пониски цени на горивата

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
20260814110215_big_730x400_34
  • Македонија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

Шеталиште 14/08/2026 09:55
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 1
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 2
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 3
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 4
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36
МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 5
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
img_7182-1024x576
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

Шеталиште 14/08/2026 10:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани