Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Св. пророк Еремија

admin 14/05/2024 00:00
crkva-1-1

Светиот пророк Еремија живеел шест века пред Исус Христос. Роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал гласот на Бога кој му одредил да биде пророк. Еремија не сакал да биде пророк, се оправдувал со тоа што уште бил мал, но не можел да ја одбие Божјата заповед. Така од 15 години станал пророк. Многу од неговите претскажувања се оствариле уште додека бил жив. Поради тоа што претскажал многу несреќи за еврејскиопт народ имал многу непријатности. Три пати бил затворан, а животот го завршил со каменување од неговите сонародници.

Еремија на Евреите им претскажал 70 годишно ропство под Вавилон. И навистина вавилонскиот цар Набуходоносор набргу го нападнал Ерусалим го разурнал и го покорил, а многу народ зел во ропство. Меѓу оние кои го оплакувале разурнатиот Ерусалим бил и светиот пророк Еремија и така настанала „Книга плач Еремиин“ . Светиот пророк Еремија претскажал и дека кога ќе се роди Исус ќе настрадаат многу деца.

Нашиот народ Еремија го празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи.

Меѓу богатите обичаи поврзани со празници од Охрид Е. Спространов забележал и обичаи поврзани со овој ден: „Наспроти тој ден вечерта на стемнување ги падат змиите. На кацја ставаат оган, врз оганот посипуваат ќуќур и одат од дупка на дупка каде што претпоставуваат дека има змии, тропаат со машата врз кацјата, чадат и викаат:

Бегај бегај гадуријо
ето ти ја Еремија
ќе ти мотат черевата
со железно мотојло.

Откако ќе начадат добро кацјата ја оставаат во некој агол да изгасне и рано утрото јаглените ги исфрлаат на буниште.

Во повеќе краишта во Македонија на овој ден се прават црепни. Нив ги прават само жените кои за таа цел копаат специјална земја, потоа ја сеат за да ги отстранат камчињата, ја газат додавајќи некои примеси за црепните да се поцврсти и да не се кршат. Ако земјата се донесува претходниот ден ноќта се чува да не се случи некој да фрли сол од што црепните пукаат.

Поради култот кон лебот, а и поради тоа што во црепните се месат разни обредни лебови кои се носат и во црква како кравајчиња и сл. жените што прават црепни се облекуваат во чиста облека. „Газењето на црепните“ како што се вика оваа работа е придружено со повеќе песни како што е следнава:

Ај сега почнуеме
црепни да газиме.
Никого не пуштаме
покрај нас да помине,
сол да не ни врли-
црепни да ни испукаат.
Кој пријател ќе помине
ќе ни речи:
– Железни ви црепни!
Кој душман ќе помине,
ќе ни речи:
– Земјени ви црепни!

Continue Reading

Претходно: Грција со нови строги правила за возачите! – Новиот закон опфаќа две групи возила, еве кои услови мора да ги исполнувате
Следно: Македонците потрошија 573 милиони евра во 2023 година на Интернет пазарењето

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани