Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска е спомен на Светиот маченик Мирон: Го извлекоа од црквата и го ставија на страшни маки

admin 30/08/2023 00:00
svetiot-miron-1-660x330-1

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 август.

Денеска е Св. свештеномаченик Мирон.
Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри мачителот-судија в лице. Судијата Антипатар како надвор од себе зеде меч и се уби себеси. Најпосле Мирон го одведоа во градот Кизик и таму го погубија со меч, во 250. година.

Преподобен Алимпиј, иконописец печерски
Изобразувајќи ги светителските ликови на дрво, тој во својата душа ги изобразуваше и нивните добродетели. Исцели еден човек од лепра и виде ангел Божји. Се упокои мирно во староста, 1114 година.

Светиот маченик Патрокло
Граѓанин на градот Трикасин, сегашен Тру во Галија. Имаше наследено голем имот од родителите и како вистински христијанин постојано им раздаваше од тоа на сиромасите. Самиот живееше подвижнички, земајќи храна само еднаш дневно, и тоа по залезот на сонцето. Заради светоста на животот Господ му даде дар на исцеление, та насекаде беше познат како исцелител-чудотворец. Кога царот Аврелијан дојде во Галија и нареди да му го доведат Патрокло, светителот ја изјави пред царот својата вера и ништо не сокри. „Ако сакаш, цару, нешто од моите блага ќе ти дадам, зашто те гледам сиромав“, му рече Свети Патрокло на царот. А овој нему: „Како ме нарекуваш сиромав мене, којшто имам неброени богатства?“ Свети Патрокло одговори: „Имаш само земни, минливи богатства, но сиромав си, зашто самиот себеси се немаш, ниту вера во Христа во срцето.“ Го осудија на смрт и го предадоа на војниците да го одведат кај некоја кал близу реката и да го заколат, а телото да му го остават во калта. Но светителот Го молеше Бога да не му остане телото во онаа кал и со Божјата сила тој одеднаш стана невидлив за војниците и пренесен на другата страна од реката. По долго трагање војниците го најдоа и го заклаа на едно суво место. Двајца питачи на коишто Патрокло често им даваше милостиња наидоа по патот, го препознаа телото на својот добротвор и чесно го погребаа.

Continue Reading

Претходно: Од утре пониски утрински температури
Следно: Вечерва, на небото нè очекува вистински спектакл

Поврзани вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани