Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска завршува Вевчанскиот карневал со традиционалното палење на маските

admin 14/01/2025 00:00
vevcani-karneval2-1024x576-1

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал.

Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името посветено на Свети Василиј.

Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. На сатиричен и уникатен начин во релаксирана атмосфера во кабинетот на поранешниот вицепремиер Артан Груби фудбал играа поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици продефилира и екс директорот на УБК Сашо Мијалков со црвеното „ферари“. Вевчанци на сатиричен начин побараа и враќање на старото уставно име Република Македонија на личните документи, не го заборавија ниту бегството на екс вицепремиерот Артан Груби. Дел од маските беше и Бугарски администратор, Планетата на мајмуните, инспирирани од истоимениот филм, веселата „Вевчанско вече“, тимот на вевчанската женска фудбалска репрезентација, како и карактеристични маски со чудовишта, принцези, снежни кралици, новогодишни елки….

Поворката ја предводеа традиционалните маски со зетот и невестата заштитувани од ѓаволи и глупави Августи, веднаш зад нив одеше оркестарот со зурли и тапани.

Вевчани изминатите два дена претставува отворена театарска сцена, без сценарио и режија, каде дефилираа голем број маскирани вевчанци, пред своите сограѓани, но и бројна публика од земјава и странство.

Вевчанскиот карневал, датира од настанокот на селото, со традиција од околу 15 века. Симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Continue Reading

Претходно: УХМР: Најмногу снег има на Попова Шапка – 62 сантиметри, во Маврово 57
Следно: Овие јаткасти плодови го забавуваат стареењето

Поврзани вести

crkva-pixa21
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Пимен Велики

Шеталиште 09/09/2026 06:36
NdGze-sonce-41217-1
  • Македонија

Денеска топло, а попладне следуваат дожд и грмежи

Шеталиште 09/09/2026 06:35
pozar-bogdanci-dojran-f
  • Македонија

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола

Шеталиште 09/09/2026 06:33
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Денеска се слави Преподобен Пимен Велики crkva-pixa21 1
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Пимен Велики

09/09/2026 06:36
Денеска топло, а попладне следуваат дожд и грмежи NdGze-sonce-41217-1 2
  • Македонија

Денеска топло, а попладне следуваат дожд и грмежи

09/09/2026 06:35
Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола pozar-bogdanci-dojran-f 3
  • Македонија

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола

09/09/2026 06:33
(ФОТО) Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета 20260909080646_big_730x400_65 4
  • Македонија

(ФОТО) Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета

09/09/2026 06:32
Поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами лишен од слобода 20260909081315_big_730x400_20 5
  • Македонија

Поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами лишен од слобода

09/09/2026 06:30

Можеби сте пропуштиле

crkva-pixa21
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Пимен Велики

Шеталиште 09/09/2026 06:36
NdGze-sonce-41217-1
  • Македонија

Денеска топло, а попладне следуваат дожд и грмежи

Шеталиште 09/09/2026 06:35
pozar-bogdanci-dojran-f
  • Македонија

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола

Шеталиште 09/09/2026 06:33
20260909080646_big_730x400_65
  • Македонија

(ФОТО) Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета

Шеталиште 09/09/2026 06:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани