Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Некатегоризирано

Денеска почнува разгледување на зголемувањето на минималната плата: Какви ќе бидат решенијата?

admin 01/01/1970 00:00

Работодавачите, синдикатите и Владата денеска треба да седнат на заедничка маса за да разговараат за зголемувањето на минималната плата која во моментот изнесува 22,567 денари.

Според најавите, денеска треба да се одржи седницата на Економско-социјалниот совет на која ќе се разгледаат можностите за нејзино зголемување што како барање го поставија синдикатите според кои има реална потреба од вакво нешто.

Синдикатите бараат минималната плата да се зголеми на 450 евра, а дел од бизнис секторот се изјасни дека ќе го прифати ваквиот предлог, но да се намалат придонесите.

Од Владата велат дека ќе остават да се договорат синдикатите и работодавачите. – Минималната плата ќе ја разговараат синдикатите и работодавачите.

Ние ќе го следиме процесот и што ќе се договорат меѓу себе, ние ќе го прифатиме затоа што во изминатиот период, врз база на направените анализи, констатиравме дека минималната плата, како компонентна која влијае на платите во државните институции, опфаќа многу мал број на државни службеници, околу 14,000 службеници, а сите останати не се поврзани со компонентната минимална плата, изјави во петокот министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Истиот став го кажа и премиерот Христијан Мицкоски на последната седница за пратенички прашања. – Минимална плата ќе биде онаа плата којашто ќе ја договорат работодавачите и работодавците.

Ние сме страна која што може да го фасилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши ако има решение.

Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата.

Се надевам дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор којшто ние ќе го поддржиме, рече Мицкоски.

Согласно законот, во март треба да има усогласување на минималната плата, која според пресметките, треба да се зголеми за 1,800 денари, што според синдикатите е малку во однос на трошоците на живот.

Пресметките што ги прави Сојузот на синдикати на Македонија за минималните трошоци на едно четиричлено семејство покажуваат дека во јануари тие изнесувале 63,252 денари што значи дека две минимални плати се малку за да се задоволат основните потреби.

За само една година, вредноста на синдикалната минимална кошничка пораснала за 6,089 денари што значи зголемување од 10,63 проценти.

– Граѓаните во Македонија не дека живеат многу добро и имаат многу добри плати, па пазарат и со тоа ја погреваат инфлацијата и платите се виновни за зголемувањето на инфлацијата, не туку трговците се алчни и се богатат на грбот на работниците со тоа што го користат секој момент за дополнително да се збогатат.

Дури се сомневаме и дека она што го ветуваат сега, во наредните месеци ќе го задржат нивото на цените на основните прехранбени производи е мамка да не ги намалат цените на производите кои на светските берзи бележат намалување, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција на 21 јануари.

Според ССМ, платите треба да се зголемат за најмалку 20 проценти. Велат дека нивното барање за растот на платите и на минималната плата е повеќе од оправдано.

За денеска, како што најави премиерот Мицкоски, ќе бидат презентирани, како што рече, вистинските цени на производите од потрошувачката кошничка затоа што според него, се манипулира при пресметката на кошничката.

На последната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски рече дека сумата за храна и пијалоци е за 3000 денари помала од онаа во синдикалната кошничка и дека тоа ќе го презентира на седницата на ЕСС со слики.

– За минималната синдикална кошничка дали сте ја виделе методологијата? Ќе ви дадам одговор, ако не сте ја виделе.

Continue Reading

Претходно: Како да го поддржите здравјето во секоја фаза од животот?
Следно: Совети за доењето кога мајката е болна

Поврзани вести

Mickoski-Tivat
  • Некатегоризирано

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват

Шеталиште 05/06/2026 06:20
image-249416
  • Некатегоризирано

Денеска се празнува Благовештение на Пресвета Богородица – Благовец

Шеталиште 07/04/2026 06:10
venko-filipche
  • Некатегоризирано

Филипче ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, предвидува нула корупција и зголемени плати и пензии

Шеталиште 27/03/2026 15:45
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола FB_IMG_1784100985560 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

15/07/2026 08:55
Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени 20260715093147 2
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

15/07/2026 07:57
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата image-255811 3
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

15/07/2026 07:48
Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна FotoJet-2026-07-14T152445.168 4
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

15/07/2026 07:45
Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола voz6-696x408-1 5
  • Македонија

Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола

15/07/2026 07:41

Можеби сте пропуштиле

IMG_5245
  • Култура
  • Настани

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвора јубилејниот Локум фест во Битола

Шеталиште 15/07/2026 11:45
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
20260715093147
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

Шеталиште 15/07/2026 07:57
image-255811
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

Шеталиште 15/07/2026 07:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани