Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се полага државна матура во августовскиот рок, пријавени се 1.118 ученици

Шеталиште 12/08/2025 07:12
ispit-matura-702x336-1

Матурантите што не ја положија матурата во јунскиот рок, денеска го полагаат првиот задолжителен екстерен испит – мајчин јазик и литература. Полагањето на вториот, изборен екстерен испит е закажано за в четврток, на 14 август.

Според податоците од Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена пријавени се вкупно 1 118 ученици.

Македонски јазик ќе полагаат 352 кандидати, албански јазик 225 и девет матуранти ќе полагаат турски јазик.

На полагањето в четврток 779 ученици ќе полагаат англиски јазик, 27 ученици математика, двајца кандидати германски јазик, еден ученик француски јазик и еден матурант ќе полага естетика.

Според видот на образование, најголем број пријавени се од средно стручно образование – 835 ученици, додека од гимназиско ќе полагаат 265, а 18 матуранти се од средно уметничко образование. Испитите ќе се одржуваат во простории на факултетите.

Минатата недела од Министерството за образование и наука и од Државниот испитен центар ги објавија резултатите од јунскиот рок, за кои рекоа дека покажале подобрување во однос на минатата година. Просечната оценка на успехот од двата екстерни испита во јунската сесија е 3,69, што е повисока од ланската кога просекот бил 3,26. Посебен успех е  забележан по математика, каде просечната оценка е 4,14.

За јунскиот рок биле пријавени вкупно 15 004 ученици. Поради обиди за препишување и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици, кои сега имаат можност да полагаат во августовскиот рок.

Continue Reading

Претходно: ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати
Следно: 17 години The Hounds: Приказната што го разбуди рокот во Прилеп

Поврзани вести

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани