Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнуваат Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета

Шеталиште 18/09/2025 06:17
crkva-1-1

Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот јерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод детеубиецот, еден ден кога Захарија служеше според својата чреда во јерусалимскиот храм, во олтарот му се јави Ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А Ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лк. 1). И му објави Ангелот дека неговата жена Елисавета ќе роди син, според нивните молитви. А беа обајцата стари, и Захарија и Елисавета. Кога Захарија се посомнева во зборовите на небесниот известител, Ангелот му рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога.“ И онеме Захарија од тој миг, и не проговори додека не му се роди синот и додека не напиша на табличка: „Јован му е името.“ Тогаш му се отвори устата и Го величаше Бога. Подоцна, кога се роди Господ Исус и кога Ирод почна да ги убива децата во Витлеем, Ирод испрати да го најдат и синот на Захарија и да го убијат. Бидејќи Ирод имаше чуено за сè што му се случи на Захарија и како се роди Јован. Кога ги виде војниците, Елисавета го зеде Јован на раце – тогаш имаше една и пол година – и побегна со него од дома, и бегаше по каменливи и пусти места. Гледајќи ги војниците како ја гонат, таа повика кон гората: „Горо Божја, прими ја мајката со дете!“ И се отвори карпата и ги скри во себе мајката и детето. Ирод, разјарен затоа што не го заклаа Јован, нареди да го заколат Захарија пред олтарот. Крвта на Захарија се истури врз мермерот и се стврдна како камен, та остана така како сведоштво за злосторството на Ирод. А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма. Четириесет дена по смртта на Захарија се упокои и блажената Елисавета. И остана младенецот Јован во пустината, хранет од Ангел и чуван од Божјата Промисла до оној ден кога требаше да се јави на Јордан.

Continue Reading

Претходно: Утрото посвежо, преку ден сончево време со засилен северен ветер
Следно: Лига на шампиони: Баерн Минхен го победи Челзи, победа во последен момент за Ливерпул

Поврзани вести

Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани