Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнуваат Светите Јоаким и Ана

Шеталиште 22/09/2025 06:43
sv-ana-joakim-bogorodica-184572

Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана.

Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост ја роди Пресвета Богородица.

Јоаким и Ана живееја во брак педесет години и беа бесплодни. Живееја богоугодно и тивко и од сите свои приходи само една третина употребуваа за себе, другата им ја раздаваа на сиромасите, а третата ја даруваа во храмот. А беа доволно имотни. Еднаш на старост, кога одеа да

Му принесат жртва на Бога во храмот, првосвештеникот Исахар го укори Јоаким: „Не си достоен од твојата рака да се прими дар, бидејќи си бездетен.“ Така и другите што имаа деца го туркаа Јоаким зад себе како недостоен. Тоа многу ги нажали овие две стари души, па дома се вратија во голема тага. Тогаш обајцата припаднаа на молитва кон Бога за и ним да им направи чудо како некогаш на Авраам и Сара и да им подари едно дете за утеха во староста.

Бог им го испрати Својот Ангел, којшто им го објави раѓањето на нивната преблагословена ќерка, со која ќе се благословат сите народи на земјата и преку која ќе дојде спасението на светот.

И Ана зачна веднаш и во деветтиот месец ја роди Пресветата Дева Марија.

Свети Јоаким поживеа на земјата осумдесет, а Ана седумдесет и девет години и се преставија кај Господа.

Continue Reading

Претходно: Серија земјотреси во северна Грција, најсилниот на полуостровот Атос со јачина од 4,8 степени
Следно: Вечерва во 20:19 часот доаѓа есента

Поврзани вести

nevreme
  • Македонија

Денеска не очекува невреме во попладневните часови

Шеталиште 14/08/2026 07:57
golema-bogorodica
  • Македонија

ПОЧНУВА БОГОРОДИЧНИОТ ПОСТ Тоа е најкраткиот од четирите годишни пости

Шеталиште 14/08/2026 07:55
Pozari
  • Македонија

Вчера најтежок ден во сезоната на пожари, огнот во Лознени стигнал на 50 метри од куќите, во гасењето се вклучиле и мештани

Шеталиште 14/08/2026 07:37
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд baner_opstina 1
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

14/08/2026 09:00
Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните sovet-opstina-bitola 2
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

14/08/2026 08:54
Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“ DSCF8819_resized 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

14/08/2026 08:50
Со огромен трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани Pozar-bitolsko 4
  • Битола инфо

Со огромен трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани

14/08/2026 08:23
Значително подобрена ситуацијата со пожарот во Сивири – изгорени 350 хектари површина siviri-1 5
  • Балкан

Значително подобрена ситуацијата со пожарот во Сивири – изгорени 350 хектари површина

14/08/2026 08:21

Можеби сте пропуштиле

baner_opstina
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

Шеталиште 14/08/2026 09:00
sovet-opstina-bitola
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

Шеталиште 14/08/2026 08:54
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
Pozar-bitolsko
  • Битола инфо

Со огромен трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани

Шеталиште 14/08/2026 08:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани