Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Преображение Господово

Шеталиште 19/08/2025 06:58
Svetec-5

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура.

На Преображение за прв пат се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот ќе го отпее и благослсови. Тоа претставува и благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.

Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката Му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија“. Но, додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не бојте се“ (Мт. 17). Зошто Господ ги зеде само овие тројца ученици на Тавор, а не сите? Затоа што Јуда не беше достоен да ја види Божествената слава на Учителот, Кого тој ќе Го предаде, а Господ не сакаше него сам да го остави под гората, та да не може предавникот со тоа да го оправда своето предавство. Зошто се преобрази на гората, а не во долината? За да не научи на две добродетели: на трудољубие и богомислие. Зашто искачувањето на височина бара труд, а височината ја претставува височината на нашите мисли, т.е богомислието. Зошто се преобрази ноќе? Бидејќи ноќта е попогодна за молитва и богомислие одошто денот и ноќта ја закрива со темнина целата земна убавина, а ја открива убавината на ѕвезденото небо. Зошто се јавија Мојсеј и Илија? За да ја разбијат еврејската заблуда дека Христос е некој од Пророците, Илија, Јеремија или некој друг – затоа Он се јавува како Цар над пророците, и затоа Мојсеј и Илија се јавуваат како слуги Негови. Дотогаш Господ многупати им ја покажуваше на учениците Својата Божествена моќ, а на Тавор им ја покажа Својата Божествена природа. Тоа видение на Неговото Божество и слушањето на небесното сведоштво за Него како за Син Божји требаше да им послужи на учениците во деновите на страдањето Господово за укрепување на непоколебливата вера во Него и во Неговата крајна победа.

Continue Reading

Претходно: Нестабилно време денеска, стабилизација од среда, за викенд повторно дожд
Следно: Две жртви во тешка сообраќајка на патот Битола – Ресен – загинаa 52-годишен битолчанец и 20-годишно момче од Охрид

Поврзани вести

SDSM-2-1024x576-1
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ

Шеталиште 16/05/2026 10:35
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ

Шеталиште 16/05/2026 10:32
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде застана Заев продолжува Филипче, едниот бришеше „македонски“, другиот сака да ја впише придавката „северномакедонски“

Шеталиште 16/05/2026 10:31
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео) 698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

17/05/2026 20:48
Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео) dara 2
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

17/05/2026 06:42
Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво FB_IMG_1778998471569 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

17/05/2026 06:15
СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ SDSM-2-1024x576-1 4
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ

16/05/2026 10:35
ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ

16/05/2026 10:32

Можеби сте пропуштиле

698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 20:48
698557629_1572367268222247_9031132792845596933_n-1536x1249
  • Спорт
  • Фудбал

Репрезентацијата на Македонија до 14 години поуспешна од Малта

Димитар Петковски 17/05/2026 15:30
dara
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 06:42
FB_IMG_1778998471569
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

Димитар Петковски 17/05/2026 06:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани