Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Преподобната маченичка Февронија

Шеталиште 08/07/2025 06:49
crkva-1-1

Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да избегне брак со смртен човек, си Го избра себеси Христа за вереник и се замонаши на Исток во земјата Асирска. Лисимах, син на еден големец, имаше желба да се ожени со Февронија, но затоа што Диоклецијан наѕираше во него потаен христијанин, го испрати на Исток со чичко му Селин да заробува и убива христијани.

Селин беше суров како ѕвер, секаде немилосрдно ги убивашe христијаните. Лисимах пак, каде што можеше ги штедеше христијаните и ги засолнуваше пред својот ѕвероподобен чичко. Кога направи пустош кај христијаните во Палмира, Селин дојде во градот Сивапол, во чијашто близина имаше девствен манастир со педесет испоснички, меѓу кои и Февронија. Иако имаше само дваесет години, во манастирот и во градот ја почитуваа Февронија заради големата кротост, мудрост и воздржливост. Во тој манастир го држеа правилото на блажената Платонида, поранешната игуманија на манастирот – секој петок го минуваа во молитва и во читање од светите книги, тој ден ништо друго не работеа. Од свештените книги, како што одреди Вриена, на сестрите им читаше Февронија, и тоа стоејќи скриена зад завесите за никој да не се замајува и плени со нејзиното прекрасно лице. Кога чу за Февронија, Селин нареди да му ја доведат.

Бидејќи светата девица не сакаше да се одрече од Христа и да се согласи на брак со смртен човек, нареди да ја шибаат, па да ѝ ги избијат забите, потоа ѝ ги отсекоа рацете, па градите, па нозете и најпосле ѝ ја отсекоа главата. Од моштите на Февронија биваа многубројни исцеленија, а и таа се јавуваше на денот на нејзиниот празник и стоеше меѓу сестрите на своето вообичаено место додека сите сестри ја гледаа со страв и со радост. Света Февронија пострада чесно и се пресели во вечното блаженство во 310 година. Во 363 година нејзините мошти беа пренесени во Цариград.

Continue Reading

Претходно: Лентата со машничка може да биде опасна при обликувањето на главата на бебето
Следно: Сончево и топло време, попладне нестабилно време

Поврзани вести

11-050
  • Македонија

Денес се празнуваат Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира

Шеталиште 11/05/2026 07:22
dozd-cador-1
  • Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

Шеталиште 11/05/2026 07:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус hantavirus11-1024x682 1
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

11/05/2026 11:28
Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети large (21) 2
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

11/05/2026 11:24
Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

11/05/2026 11:22
Од полноќ нови цени на горивата Горива-бензин-дизел-2-1 4
  • Економија

Од полноќ нови цени на горивата

11/05/2026 08:24
Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово 20260511094653_big_730x400_12 5
  • Прилеп инфо

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

11/05/2026 08:10

Можеби сте пропуштиле

hantavirus11-1024x682
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

Шеталиште 11/05/2026 11:28
large (21)
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

Шеталиште 11/05/2026 11:24
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

Шеталиште 11/05/2026 11:22
Горива-бензин-дизел-2-1
  • Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Шеталиште 11/05/2026 08:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани