Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Преподобна Теодора Александриска

Шеталиште 24/09/2025 06:56
crkva-pixa21

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор.

Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот таа седум години помина пребивајќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница.

Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот да му се врати – зашто сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, сe исчезнуваше како чад. По седум години игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господ.

Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави ангел и сe му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести, изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490 година.

Continue Reading

Претходно: ЦУК: Од вкупно 29 пожари на отворено, три сè уште се активни и три се под контрола
Следно: ВИДЕО: Тајфунот Рагаса стигна до Хонгконг – во Тајван остави 14 мртви и над 100 исчезнати

Поврзани вести

policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
20260911125006_big_730x400_99
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Шеталиште 11/09/2026 11:04
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

Шеталиште 11/09/2026 07:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 1
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 2
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10
Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат nafta-1 3
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

11/09/2026 11:09
Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар 20260911125006_big_730x400_99 4
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

11/09/2026 11:04
ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

11/09/2026 07:50

Можеби сте пропуштиле

img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
nafta-1
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

Шеталиште 11/09/2026 11:09
20260911125006_big_730x400_99
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Шеталиште 11/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани