Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Шеталиште 20/07/2025 06:51
velikomacenicka-nedela-524x500

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од се што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да умре како девојка. Еден од одбиените ги обвини Недела и нејзините родители како христијани пред царот Диоклецијан. Царот нареди и нејзините родители прво ги мачеа, а потоа ги протераа во градот Мелитина, каде што кончанието им беше во маки за Христа. Света Недела пак, му ја испрати Диоклецијан на Максимијан да ја суди. Бидејќи ја потврди својата вера во Христа пред Максимијан, тој нареди и ја тепаа со воловски жили. Потоа царот им ја предаде на војводите, прво на Иларион, а откако тој умре на Аполониј. Овие ја мачеа ѕверски на сите можни начини, но се им беше залудно. Додека Света Недела лежеше во рани во затворот, ѝ се јави Господ Христос и ја исцели и ѝ рече: „Недело, не плаши се од маките, Мојата благодат е со тебе“. Христовата благодат навистина ја спаси оваа маченичка и од оган и од ѕверови, со што нејзините судии мислеа со сигурност да ја умртват. Многумина незнабожци, гледајќи го нејзиното чудесно спасение од толку смрти, поверуваа во Христа. Но сите беа заклани. Света Недела му рече на Аполониј: „На ниеден начин нема да ме одвратиш од мојата вера. Ако ме фрлиш во оган, ги имам Тројцата младенци; ако ме фрлиш на ѕверовите, го имам за пример Даниил; ако ме фрлиш во морето, пример ми е Пророкот Јона; ако ме предадеш на меч, ќе се сетам на Чесниот Предвесник. За мене живот е да умрам за Христа.“ Тогаш Аполониј нареди да ја убијат со меч. Недела клекна на колена, ги подигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога да ја помилува и да ги спаси сите што ќе го слават нејзиниот спомен, а нејзината душа да ја упокои заедно со душите на нејзините родители. Кога ја заврши молитвата Му ја предаде душата на Бога, пред да се спушти мечот врз нејзината Света глава. Чесно пострада и се пресели во Небесното Царство во 289 година, во Никомидија.

Тропар

Овцата Твоја, Исусе, Недела, повикува со силен глас: Тебе, Младоженецу мој, Те љубам и, Тебе барајќи Те, се подвизувам, и со Тебе се распнувам, и во Твоето крштение се погребувам, и заради Тебе страдам, та со Тебе и да царувам; и умирам за Тебе, за и да живеам со Тебе. Но, како жртва непорочна, прими ме мене, која со љубов се жртвував за Тебе. По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши.

Кондак

Светата Христова маченица денес не собра да ги прославиме нејзините славни подвизи, и нејзиното божествено страдање; со нејзината доблесна душа таа, всушност, се покажа сообразна со нејзиното име – господарка на својот дух и на своите страсти.

Continue Reading

Претходно: Атанас Нашоку САКУ – човекот што не фотографира фотографии, туку време
Следно: Пет активни пожари во земјава, повторно се активираше пожарот кај Желино

Поврзани вести

soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Сончево и топло со температури до 20 степени soncevo 1
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

12/04/2026 08:41
Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение Veligden-768x483-1 2
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

12/04/2026 08:39
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 3
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 4
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08

Можеби сте пропуштиле

soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани