Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Светата маченичка и девица Јулија

Шеталиште 29/07/2026 06:57
29-071

одум од Картагена, од прочуен род. Кога Персијците ја покорија Картагена, многуброен народ беше одведен во ропство. Беше фатена и заробена и света Јулија и му падна во рацете на некој трговец во Сирија. Трговецот беше незнабожец. Кога виде дека света Јулија е христијанка, ја советуваше да се откаже од Христа и да стане едноверна со него. Јулија никако не се согласуваше со тоа.

Па бидејќи беше верна и добра во служењето, трговецот ја остави и не ѝ додеваше повеќе за верата. Еднаш тој натовари кораб со стока, ја зеде со себе Јулија и тргна во далечни краишта по трговија. Кога пристигнаа на Корзика, се падна некој незнабожечки празник, а Јулија остана на коработ плачејќи од жал што многубројни луѓе живеат во глупава заблуда и не знаат за вистината. Но незнабожците некако дознаа за неа, ја извлекоа од коработ и иако нејзиниот господар им се противеше, почнаа страшно да ја мачат, ѝ ги отсекоа градите и ги фрлија на еден камен, а потоа ја распнаа на крст.

Тогаш Јулија Му го предаде својот дух на Господ. Ангел Божји им ја објави нејзината смрт на монасите на блискиот остров Маргарита (или Горгона) и тие дојдоа и чесно го погребаа телото на маченичката. На гробот на света Јулија се јавуваа многубројни чуда. Таа пострада чесно во 6 век. После многу години верните посакаа да изградат нова црква во чест на света Јулија на едно друго место, бидејќи старата црква остаре и пропадна.

Но ноќта наспроти денот кога сакаа да го положат темелот, граѓата за црквата со невидлива рака беше пренесена до старата црквичка. Во недоумение луѓето повторно ја пренесоа граѓата на новоизбраното место, но пак се случи истото: материјалот се врати на местото кај старата црква. Од ова сите разбраа дека света Јулија не сака да ѝ ѕидаат црква на друго место, па ја срушија старата црквичка и на тоа место подигнаа нова.

Continue Reading

Претходно: Земјотрес од 4 степени во Албанија почувствуван и во Струга
Следно: Заработка до 5.000 евра: Се бараат работници за необични работни места на „Октоберфест“

Поврзани вести

20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

Шеталиште 07/08/2026 08:28
Ministerstvo-za-zdravstvo
  • Македонија

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Шеталиште 07/08/2026 08:23
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани