На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда.
Денеска се празнува Светиот великомаченик Георгиј
![Денеска се празнува Светиот великомаченик Георгиј](https://i0.wp.com/setaliste.mk/wp-content/uploads/2023/11/Светиот-великомаченик-Георгиј-1.jpg?resize=600%2C370&ssl=1)