Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Светиот маченик Калистрат

Шеталиште 10/10/2025 07:21
fotojet-23

Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Понтиј Пилат во времето на страдањето на Господ Исус.

Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така, со текот на времето, светиот Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин.

Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои од неговите другари го видоа свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните.

За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Клаистрат веднаш се откажа. Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето. Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Клаистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат.

Во затворот, свети Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив. Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија свети Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304 година.

Continue Reading

Претходно: Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура ќе достигне до 22 степена
Следно: Вечерва голем роденденски концерт со Ефто Пупиновски повод 45 години ЦК Битола

Поврзани вести

Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 1
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 2
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 3
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 4
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 5
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.10.2026)

Шеталиште 08/10/2026 06:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани